Акатист на свети Наум Охридски чудотворец

свети Наум Кондак 1.

Избран чудотворче, и посебен на Христа угоднику, кој на сите верни им излеваш исцеление и неистечиво море од чуда, од љубов те фалиме, преподобен Науме; имајќи слобода пред Бога, од сите беди ослободи нè за да ти воскликнуваме:

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Икос 1.

 

Како земен Ангел по природа, те објави Создателот на сите творенија, прогледувајки ти ја душата полна со добрина, преблажен Науме, и нè научи сите да ти повикуваме вака:

Радувај се, маченику Христов без крв!

Радувај се, радост на трудбениците!

Радувај се, Божествен засаден цвету!

Радувај се, добродетелна лозо на Христовото лозје!

Радувај се, крину кој во рајот си процветал!

Радувај се, посреднику на сите Мизијски земји!

Радувај се, зашто со тебе се отстранува ридањето!

Радувај се, зашто со тебе радост се принесува!

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Кондак 2 .

 

Гледајќи го излевањето на твоите дарови, Богомудар отче наш Науме, се просветуваме душевно и телесно, почитувајќи те како прекрасен чудотворец, кој како со вода ги напојува сите верници со Божји благодати кои повикуваат кон Бога: Алилуја!

 

Икос 2.

 

Неразумното размислување за Светата Троица си го умудрил. Си бил просветување за Мизиските земји. Заради тоа, верните се научија вака да ти пеат:

Радувај се, голем столбе на благочестието!

Радувај се, цврсто укрепување на православието!

Радувај се, чесен носителу на Пресветата Троица!

Радувај се, оче, украс на сите преподобни!

Радувај се, премудра добрино на сите богомудри!

Радувај се, мизијска пофалбо!

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Кондак 3.

 

Со силата што ти беше дадена одозгора, си ја избришал секоја солза од лицата на оние кои луто страдаат, Богоносен отче наш Науме: на страдалниците им се јавуваш како закрепнувач, на болните – исцеление; и како помошник во сè си се покажал на оние кои повикуваат кон Бога: Алилуја!

 

Икос 3.

 

Имајќи, навистина, отче наш Науме, пофални песни кои те опеваат, од љубовта твоја победени, ние ти повикуваме вака:

Радувај се, соподвижнику на Апостолите!

Радувај се, големо сместилиште на добродетелите!

Радувај се, на светиите чисто живеалиште!

Радувај се, пресветол светилнику!

Радувај се, достоен собеседнику на Ангелите!

Радувај се, добар учителу на луѓето!

Радувај се, зашто преку тебе се исполнуваме со духовна сладост!

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Кондак 4.

 

Бура од помисли ни го заматува умот, како достојно да ги опеваме твоите чудеса, блажен Науме; никој не може да ги искаже, дури и многу јазици да има, и да сака да зборува; но ние, на Бога Кој прекрасно тебе те прослави, се осудуваме да Му пееме: Алилуја!

 

Икос 4.

 

Слушаа, Богомудри Науме, ближните, а и оние подалечните, за големината на твоите чудеса; си навикнал да ги посетуваш оние кои се во неволја, доаѓајќи им како по воздух, со лесни, благодатни крилја, и набрзо стекнуваа избавување сите кои кон тебе вака повикуваа:

Радувај се, избавителу од неволјите!

Радувај се, дарителу на благодатите!

Радувај се, прогонителу на неочекуваните зла!

Радувај се, брз утешителу на оние кои се во беда!

Радувај се, страшен укорителу на неуредните и непристојните!

Радувај се, пространо море на чудеса од Бога излиени!

Радувај се, крепко издигнување на паднатите!

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Кондак 5.

 

Како од Бога пратена звезда, си се јавил, себлажени Науме, укрепувајќи ги словенските народи и просветувајќи ги со светлоста Христова, а сите верници ги научи да Му пеат на Бога: Алилуја!

 

Икос 5.

 

Те виде момчето и те позна како голем чудотворец кога ѕверот го скроти и го прати како помошник, да му ја ора нивата. Избави ме и мене од душегубните ѕверови, за кон тебе вака да повикувам:

Радувај се, зашто си помошник на сите кои те повикуваат!

Радувај се, зашто ти си неискажана радост на сите!

Радувај се, сопрестолнику на Апостолите!

Радувај се, со Ангелите служителу на Светата Троица!

Радувај се, и мене подари ми радост, по молитвите твои!

Радувај се, кормило на гонетите!

Радувај се, зашто ја стивна бурата од демонски напади!

Радувај се, помошнику мој, преблажен Науме!

Радувај се, мој топол посреднику!

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Кондак 6.

 

Те проповедаат сите краеви словенски и мизијски, преблажен Науме, како брз заштитник во неволјите, кој од зла ги чува сите кои повикуваат кон Бога: Алилуја!

 

Икос 6.

 

Си засветлил со животна светлина донесувајки им Ја Христовата Светлина како спасение на оние кои седат во темнина во мизиските краишта: да веруваат во Единиот Бог во три Лица, Неразделната Троица. Заради тоа, заедно со нив, благодарно ти воскликнуваме:

Радувај се, помошнику на оние кои усрдно те повикуваат!

Радувај се, зашто од многубоштвата избавуваш!

Радувај се, зашто ја прогонуваш темнината на неверието!

Радувај се, зашто им помагаш на оние кои на секое место те повикуваат!

Радувај се, брз услишителу на оние кои те повикуваат!

Радувај се, прогонителу на бесовските сплетки!

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Кондак 7.

 

Сакајки да го отстраниш неверието и да ја покажеш светлоста на вистината, претрпе многу протерувања и мачења, преподобен Науме; протерај ја и од нас непријатната миризба на гревот, за благопријатно да повикуваме кон Бога: Алилуја!

 

Икос 7.

 

Те знаеме како нов Ное, отче Науме, и нов управител на спасителниот ковчег, кој ја протерува секоја бура, принесувајќи божествен мир на сите оние кои вака извикуваат:

Радувај се, тивко пристаниште на гонетите!

Радувај се, сјају, кој мракот го изгонува од оние што патат!

Радувај се, светило, кое сите краеви ги просветуваш!

Радувај се, зашто од гревовната бездна ги избавуваш луѓето!

Радувај се, зашто во адска бездна сатаната ја фрлаш!

Радувај се, зашто со тебе смело ја повикуваме бездната на милоста Божја!

Радувај се, зашто со тебе се спасуваме од потопот на гневот!

Радувај се, зашто преку тебе наоѓаме мир со Бога!

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Кондак 8.

 

Необично чудо им се јави на оние кои прибегнуваат кон тебе, блажени Науме. Твојата света Црква, дури и мало молење кога ти принесува, добива исцеление од големи рани. Затоа, веднаш по Бога својата надеж на тебе ја полагаме, верно извикувајќи: Алилуја!

 

Икос 8.

 

Вистински си, Богоносен Науме, помошник на сите, како ослободител и брз лекар на сите земнородни; на пофалба на сите кои се подвизуваат и повикуваат кон тебе вака:

Радувај се, источнику на секое исцеление!

Радувај се, небесна росо што тече од потта на вистинските подвизи!

Радувај се, зашто даруваш благосостојба на оние на кои им е потребна!

Радувај се, зашто подготвуваш изобилие за оние кои молат!

Радувај се, зашто на старците им ја обновуваш снагата!

Радувај се, зашто изобличуваш мнозина кои се симнале од вистинскиот пат!

Радувај се, зашто со тебе на вистински начин го поправаме нашето живеење!

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Кондак 9.

 

Сите наши болести исцели ги, голем наш, заштитнику Науме, растворајќи благодатни лекови и насладувајќи ги нашите души; развесели ги, пак, срцата на сите кои усрдно прибегнуваат кон твојата помош, молејќи се на Бога: Алилуја!

 

Икос 9.

 

Нечестивите говорници на суетната мудрост со тебе ги гледаме посрамотени, Богомудар отче Науме; нас, пак, во православието нè закрепна, поради што ти извикуваме вака:

Радувај се, штиту на благочестието!

Радувај се, мечу кој ја отсекуваш злобата!

Радувај се, учителу на Божествените заповеди!

Радувај се, лествицо од Бога одредена!

Радувај се, преку таа лествица се качуваме на небото!

Радувај се, зашто немудрите станаа мудри со твоите зборови!

Радувај се, зашто мрзливите се подигнаа од твоите поуки!

Радувај се, неугаслива светлост на Божјите заповеди!

Радувај се, пресветла светлино на Божјите заповеди!

Радувај се, бидејќи со тебе верниците Му угодуваат на Господа!

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Кондак 10.

 

Сакајќи да ја спасиш душата, отче наш Науме, своето тело навистина на духот го покори преку тихување и борба со помислите. На ова дело му го додаде и своето богомислие. Заради тоа, слободно си беседел со Бога и апостолите, постојано извикувајќи: Алилуја!

 

Икос 10.

 

Твоите чудеса, преблажен, карпа се на оние кои те фалат и на сите кои кон твоето застапништво прибегнуваат; затоа, ослободувај нè од нападите на сиромаштвото, гревовите и различните неволји и нас, сиромашните од добри особини, кои со љубов вака ти извикуваме:

Радувај се, зашто од древните многубоштва ослободуваш!

Радувај се, зашто вечно богатство даруваш!

Радувај се, зашто ослободуваш од метежи и војни!

Радувај се, зашто ослободуваш од окови и робство!

Радувај се, преславен застапнику во бедите!

Радувај се, преголем заштитнику при нападите!

Радувај се, зашто со тебе на покајаните вечен живот им се дарува!

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Кондак 11.

 

Со ум, со збор и со дело, принесе повеќе песни на Пресветата Троица од другите, преблажен Науме. Заповедите за вистинската вера на мнозина им ги објасни преку својата вера, надеж и љубов, упатувајќи нè и нас, на Троицата, на Единствениот Бог, да Му пееме: Алилуја!

 

Икос 11.

 

Те гледаме во темнината на животот, Богоносен отче Науме, како светозарна, вистински неугаслива светлина, како со невештествена ангелска светлост беседиш за несоздадената Троична Светлина, просветувајќи ги верните души кои вака кон тебе извикуваат:

Радувај се, бидејќи си осветлен од Трисолнечната Светлина!

Радувај се, свеќо, запалена со Божествениот пламен!

Радувај се, зашто го угаси бесовскиот пламен на безбоштвото!

Радувај се, учителу на вистинскиот разум!

Радувај се, зашто со тебе се уништи идолопоклонството!

Радувај се, зашто со тебе научивме да се поклонуваме на Творецот во Троица!

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Кондак 12.

 

Радувајќи се, преславен Науме, достојно го празнуваме споменот за тебе, заради благодатта, која како сведоштво ти била дадена од Бога, и кон твоето чудесно застапништво прибегнуваме, извршителу на преславните жетви, кои како морската песок невозможно е да се избројат; заради тоа кон Бога извикуваме: Алилуја!

 

Икос 12.

 

Опевајќи ги твоите чудеса, те прославуваме сефален Науме, зашто во тебе прекрасно се прослави Прославениот во Троица – Бог. Од душата своја песни ти принесуваме, свет чудотворче, и вака кон тебе извикуваме:

Радувај се, воздигнување на христијанскиот род!

Радувај се, зашто си со исто име како и победата!

Радувај се, огледало на сите времиња!

Радувај се, крепка брано на сите кои прибегнуваат кон тебе!

Радувај се, здравје на нашите тела!

Радувај се, спасение на нашите души!

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Кондак 13.

 

О, пресвет и пречудесен отче наш Науме, утехо на сите што се во неволји, прими го сегашново наше молитвено принесување и замоли го Господа, со благопријатното твое посредништво, од геената да се избавиме и со тебе да пееме: Алилуја!

 

(овој Кондак се чита три пати потоа Икос 1 и пак Кондак 1)

 

Икос 1.

 

Како земен Ангел по природа, те објави Создателот на сите творенија, прогледувајки ти ја душата полна со добрина, преблажен Науме, и нè научи сите да ти повикуваме вака:

Радувај се, маченику Христов без крв!

Радувај се, радост на трудбениците!

Радувај се, Божествен засаден цвету!

Радувај се, добродетелна лозо на Христовото лозје!

Радувај се, крину кој во рајот си процветал!

Радувај се, посреднику на сите Мизијски земји!

Радувај се, зашто со тебе се отстранува ридањето!

Радувај се, зашто со тебе радост се принесува!

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Кондак 1.

Избран чудотворче, и посебен на Христа угоднику, кој на сите верни им излеваш исцеление и неистечиво море од чуда, од љубов те фалиме, преподобен Науме; имајќи слобода пред Бога, од сите беди ослободи нè за да ти воскликнуваме:

Радувај се, преподобен Науме, охридски чудотворче!

 

Молитва кон свети Наум, исцелител на болните:

 

Тебе, угоднику на живиот Бог, Науме, Чудотворче, кој си го исполнил законот на нашиот Бог и Спасител – Исус Христос и си здобил од Него живот вечен, ти се поклонуваме со љубов и ти благодариме со смирение за безбројните твои чудодејства со кои си им помагал на немоќните луѓе и си Го прославил името на Својот Бог и Спасител. Тебе, верен слуго на нашиот Бог и Спасител, ти се даде благодатта на Пресветиот Божји Дух – бесови да изгонуваш, болни да исцелуваш, немоќни да подигнуваш, мачени да утешуваш и во сите неволји на луѓето да им помагаш.

Заради тоа, ние, иако недостојни, те почитуваме како духовна харфа низ која се излева сила и небесна утеха врз оние на кои им е потребна, и со славословие Го прославуваме Творецот Кој ти подари тебе – обичниот човек – таква божествена сила и достоинство. И сега кон тебе приоѓаме со поклонување и умиление, праведнику и пријателу на ангелите, преподобен отче наш Науме; не престанувај да се молиш за целиот Православен род христијански пред Престолот на Пресветата, Едносуштна Троица – за праведниците и грешниците, за сите кои се на власт, за сите кои во неволји страдаат, за епископите, свештениците, и ѓаконите, ктиторите и дарителите на овој свет храм, за оние кои доаѓаат и се поклонуваат пред твоите свети и пречесни мошти, за болните и со вера упокоените, за старците и момците, за девојките и мајките. Светителу, отче наш Науме, човеку Божји, покриј ги нашите слабости и исцели ги нашите болести со твоите молитви.

Уште се молиме, сега и за Божјиот слуга (името) кој страда од немоќ и неподносливи рани. Ако со нив се сврзал заради свој грев, или заради грев на своите родители, или на некои свои роднини, и поради грев ја добил оваа болест, посредувај, ангелоподобен светителу, пред престолот на Господа Кој те прослави, да му го прости гревот и раната да му ја исцели. Ако, пак, болеста е допуштена од Бога, по светиот Божји збор: Оној што Бог го љуби, него и го казнува, го тепа секој син што го прима при Себе, – милостиво замоли Го Семилостивиот и Седобриот Бог, да се смилува на овој Свој слуга и да не допушта поголемо страдање отколку што тој може да поднесе како човек. Луѓето се телесни и ништожни и ниедно страдање не може да се поднесе без благодатта на Бога, Кој нас нè закрепнува.

Светителу, отче наш Науме, брзо услиши нè и исцели го Божјиот слуга (името) со твоите молитви, да не речат неверниците: Каде е неговиот Бог? О, свет и преподобен отче наш Науме, покажи ја и на овој Твој слуга твојата сила што ти е подарена од Семоќниот Господ и  која и досега си ја покажувал на безброј болни и немоќни кои му пристапуваат на твојот чесен гроб со вера, покајание и молитви. Направи го целосен, здрав душевно и телесно; одгонувај го и изгонувај од него пакосникот на човечките тела – ѓаволот; закрепни го неговото тело со здравје и сила, за да може душата негова да се подвизува, кае и подготвува за Царството небесно. Одгонувај ја од него предвремената смрт, за да може и понатаму, со добри дела да Му угодува на Благиот Бог и да ја стекне милоста Божја на Страшниот Суд.

Помоли се, преславен Науме чудотворче, за својот слуга (име), да му се простат гревовите волни и неволни, и очисти го од секаква нечистотија со благодатта на Светиот Дух по твоите свети молитви, отче наш Науме, па и во него да се прослави Светата Троица, Која тебе те прослави: Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин!

 

Тропар на свети Наум, Глас 4.

 

Соединувајќи се со Христа си го оставил светот,  живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизуваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас, со Твоите молитви, избави нè од искушенија.

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: