За честото причестување

Од праведниот старец Пахомиј (1840-1905),

основач на скитот на Светите Отци, Хиос

Кој не би заплакал за незнаењето и бедната состојба на современиот клир? Кај се чуло, христијаните да одат во црква, да бараат света причест, а свештениците да ги спречуваат, велејќи им: „Да не е супа Причеста? Уште немаат поминато четириесет денови откако се причести, и ти доаѓаш пак да се причестиш?“

На сличен начин, во првата недела од Великиот пост, јас знам многу мажи и жени кои тримираат, (доброволна традиција за постење без храна и вода) и тие одат во црква во среда на Преждеосвештена литургија, и клириците не им дозволуваат да примат света причест, велејќи: „Пред некој ден само што јадеше месо, а сега доаѓаш да се причестиш?“

„И второ“, велат тие, „Преждеосвештената е за свештениците, а не за лаиците“. За црни срамови е нашето незнаење и недостаток од разбирање! Ти, од една страна, ракоположен човеку, јадеш месо вечерта претходно, а многу пати дури и си пијан, а можеби исто така и недостоен, и одиш за да служиш Литургија, а ги спречуваш оние кои постеле со толку голема почит? И ги лишуваш од нешто толку полезно и осветувачко?

Гледаш ли каков недостаток од учење имаат нашите свештеници? „Прежедеосвештената“, велат тие, „е за свештениците, а не за лаиците“. Свети Василиј (Велики) вели: „Јас ги причестувам моите парохјани четири пати неделно“. (Свети Јован) Златоустиот и целата Црква Христова го правеле истото. Тие имале обичај да се причестуваат четири пати неделно. И бидејќи литургија не се служи од понеделник до петок во Великиот пост, светите отци во нивната премудрост, смислиле да се служи Преждеосвештена, само затоа, за христијаните да имаат можност да се причестуваат во текот на неделата; а ти велиш дека Преждеосвештената е (само) за ракоположените?

И забележи, читателу, дека с# додека владеела оваа дисциплина, и христијаните се причестувале често, нивните срца биле загревани од благодатта на светата Причест, и трчале кон мачеништво како јагниња. Затоа, свештениците кои ги спречуваат христијаните да ја примат светата причест треба добро да знаат дека со тоа прават голем грев. Јас не велам дека луѓето треба да се причестуваат просто и невнимателно, туку дека тие треба да пристапуваат со соодветна подготовка.

Сепак, сум чул како некои свештеници велат: „Јас“ (велат тие) „сум свештеник и служам литургија често, и се причестувам, но лаикот нема дозвола за тоа“. Во ова, свештенику, брате мој, грешиш многу, бидејќи, во врска со светата причест, свештеникот по ништо не се разликува од лаиците. Ти, свештенику, си служител на Тајната, но тоа не значи дека ти имаш право да се причестуваш често, а лаиците немаат. За ова јас можат да ти изложам многу докази од светителите, (покажувајќи) дека дозволено им е подеднакво на епископите, свештениците и на лаиците, и на мажи и на жени, да учествуваат во пречистите Тајни постојано – освен ако не се женети по трет пат. Оние кои стапиле во трет брак се причестуваат три пати годишно.

Јас имам милион докази во врска со оваа тема, но кој од нив треба да ти го изложам најпрво? Златоуст, Климент, Симеон Солунски, Давид? Како што реков, кого да го спомнам прв? За ова можам да ти донесам толку многу докази, што би можел да наполнам една цела книга! Поради ова, го скратувам она што го велам и ти го кажувам само ова на кратко. Ако не сакаш Христијаните да се причестуваат често, тогаш зошто го држиш светиот Путир, и им го покажуваш на христијаните, и извикуваш од солеата: „Со страв Божји, вера и љубов, пристапете за да можете да се причестите“? И пак, вие самите ги спречувате и отворено лажете? Зошто, од една страна, ги поканувате, а, од друга страна, ги одбивате?…

Превод од англиски јазик: ѓакон Јани Мулев

Изворник: The Faithful Steward,

The Frequency of Holy Communion

by The Righteous Elder Pachomius

Founder of the Skete of the Holy Fathers, Chios

Issue 21, 2005

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: