„Никогаш не прави го тоа!“

(раскажување од една постара верничка)

Со мажот ми имавме две деца, живеевме сиромашно во повоено време: соба во државна сопственост, соседи – пијаници. Јас забременив со трето. Мажот ми инсистираше да направам абортус. Јас не сакав, а тој викаше, цркаше, ме избрка од дома. Решив сепак да направам абортус. И ете, ноќта пред да одам во болница, ја гледам во сон Богородица со неземска убавина, висока, во светли облеки. А нејзините очи полни со солзи. Сфатив дека тоа е – Мајката Божја.

Таа клекна на колена пред мене! И ми вели толку жално-умолително (сè уште го памтам нејзиниот глас):

– Никогаш не прави го тоа!

Се разбудив. Липав. Одлучив: не одам, ќе си го зачувам детето. Но мажот ми утрото ме искритикува. Ме протера. Сепак направив абортус…

Потоа животот ми тргна на лошо: вистински ужас! Мажот ми се пропи, децата умреа. Сега живеам сама, соседите ме исмеваат. Никому не сум му потребна.

Сосема ќе паднев во очај, ако не добиев во црква утешна надеж, дека на Христа Бога сите му се потребни и сите му се мили. Он дојде грешните да ги спаси. Одам во црква, се каам, колку што можам, се причестувам со Светите Таинства. И живеам со надеж дека нашиот Господ и Пресветата Мајка Божја, по бесконечната милост Своја ќе ми простат мене и нема да паднам во адот…

 

 

Превод од руски јазик:

Ѓакон Јани Мулев

Наслов на изворникот:

Практическая енциклопедия

молодой православной мамы,

советы священника и врача,

Санкт-Петербург, 2005.

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: