Втора беседа на митр. Амфилохиј по повод „Парадата на гордоста“ (2011 год.)

(Беседата е одржана во Неделата по Крстовден, на 2 октомври 2011 година, во Цетињскиот манастир)

„Човек навистина има слобода да прави што сака со она што го добил од Бога, но – ,сè ни е дозволено, ама не е сè полесно‘, како што апостолот Павле.

Имаме право да застанеме и на провалија и да извршиме самоубиство, но дали е тоа она што води кон остварување на човековата смисла и човекот живот? Човекот има право природните сили кои Бог ги вградил во него да ги употребува на правилен, вистински начин, за потоа тие природни сили да вродат со вистински плод. Но човекот може тие природни сили и да ги злоупотребува. И тоа е негово право. Но со злоупотребата на она што Бог му го дал и што во нас во вградил, и со погрешен начин на употреба на тие сили човекот ја губи својата душа.

На тој начин човекот ја губи смислата на тие дарови кои од Бога ги примил. Еве, гледате, овие денови во Белград подготвуваа т.н. парада на гордоста. Но нашиот свет патријарх со потполно право оваа парада ја нарече парада на срамот. Зошто на срамот? Токму затоа што во таквата употреба на природните сили човекот ги обесмислува оние Божји дарови кои во него се вградени.

Словото Божјо – а тоа е вистинито – упатено кон човекот на земјата: Плодете се и множете се, и наполнете ја земјата. Тој благослов Божји важи не само за човекот, туку и за секое создание, за секое растение. Зошто човекот сади овошка? Таа се сади за да му донесе плод. А овошката која не носи плод се сече и се фрла во оган. Така и човекот, секое човечко битие. И ако се злоупотреби она што Бог му го дал на човекот и на човечката природа, тогаш има право човекот тоа да го стори, но со самото тоа и ја осквернува својата душа, ја обесмислува својата душа.

Па така, тогаш и оваа т.н. парада на гордоста навистина се претвора во парада на срамот и бесрамноста“.

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: