Поворка на срамот – Митрополит Амфилохиј (2009 год.)

(Прва беседа на митрополитот Амфилохиј по повод најавената т.н. „Парада на гордоста“ во Белград)

 

Објавено од страна на „Светигора“ на 16.09.2009 година

 

Цетиње, 16 септември 2009 (Светогорапрес)

Најавената за 20 септември во Белград, т.н. „Поворка на гордоста“, всушност поворка на срамот, поворка на Содом и Гомор – само е потврда на онаа народната: Кој од Бога не се бои, ни од луѓето не се срами.

Одамна е речено: Сè ми е позволено, но не ми сè на полза. Навистина, слободата нè создала, човекот е за слобода создаден. Но само вистината е онаа која го ослободува човекот, т.е. вистинскиот начин на живеење, постоење и однесување. Лажниот, искривоколчен начин на живеење е слободен, но тој не го гради, туку го разградува човечкото достоинство. Правилно – значи да се оди по правиот пат и да се живее на правилен, праведен начин.

Според дадената слобода, човекот има право и на самоубиство; според сатанската философија на животот, за човекот е „закон она по што срцето му копнее“. Човекот е битие надарено со телесни и душевни сили. Сè што човекот е и има, само тогаш кога се употребува на вистински начин, ја остварува својата цел и ја постигнува својата вистинска смисла. Човекот, според слободата, има право, може и да ги злоупотреби богомдаруваните сили и дарови. Така, истата рака, истата сила и вештина човечка го оперира и лечи злиот тумор на човечкиот организам, но и може да заколе човек или дете во колевка…

Тоа што важи за сите психофизички сили и дарови човечки, за можноста за нивна употреба и злоупотреба, важи и за богомдаруваниот детероден нагон човечки. Употребен на правилен и здрав начин, тој преку љубовта на мажот и жената раѓа о создава нов живот, преку него се исполнува заповедта Божја и благословот вграден во машката и женската природа: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата и владејте со неа…“.

Може ли да се прогласи за добродетел и за човекот достојно правото – за газење и осквернување на тој и таков закон на човечката природа, на самата богомдарувана смисла на човековото постоење и вечниот смислен Закон Божји? Не се претвора ли преку чедоморството (абортусот) мајчината утроба, создадена да биде работилница на животот, во работилница на смртта? Исто така и бесловесното распалување на машко кон машко, и женско кон женско, не претставува ли обесмислување на великата и серодна тајна на брачната љубов како во времето, така и во вечноста? Љубовта му е дадена на човекот да раѓа; секое раѓање е раѓање за вечноста, а не за смрт и ништожност. А „дрвото кое не раѓа плод се сече и се фрла во оган“. Дали оваа јалова љубов – е љубов? А таква е мужеложничката, геј-лезбејската љубов која нема и не може да го наследи Царството Божјо, зашто е бесплодна и јалова (1. Кор. 6, 9). Бидејќи нејзиниот ерос води во смрт и самоубиство, истоветен е со смртта. Содом и Гомор уште во древни времиња самите се уништиле, изгорувајќи во сулфур и оган, токму затоа што го претвориле природното употребување на машкото и женското во противприродно (Рим. 1, 26), себеуништувачко.

Љубовта која е Бог и која му е дадена на човекот за преку неа да Го познава Бога, остварувајќи ја својата вечна смисла и полнота на постоење, станува, преку злоупотреба, извор на егзистенционално помрачување на умот и слепило, содомија. Таквите, морално и духовно ослепени, „ги предава Бог на срамни страсти“ (Рим. 1, 26).

Со погоре накусо наведените причини, видовитата Црква Божја не може и не смее да ја прифати противприродноста за природност, гревот за добродетел, бесловесноста за разумност, античовечноста за човечност, себеуништувањето и обесмислувањето на љубовта како најсвета сфера на животот, за радост на животот, на праведноста, за избор на патот кој води во вистинско човечко живеење.

Се разбира, Црквата никогаш не повикувала, ниту денес повикува на насилство против било кого, па ни против оние кои го бираат наместо патот на животот – патот на бесловесноста и смртта. Таа, меѓутоа, како чуварка на светоста на животот и љубовта, и како работилница на вечниот живот и чистата, неминлива љубов, осудувајќи го секое насилство, има за богодадена обврска и должност секој човек, секое човечко поколение, па и ова денешново, непрестајно фа ги потсетува на потребата од разликување на Бога од сатаната, светлоста и мракот, злото и доброто, вистината и лагата, природноста и противприродноста, смислата и бесмислата. Како таква, таа не може да ја прифати, ниту да ја одобри поворката на срамот – за поворка на гордоста, особено кога со нејзиното наметнување, како во овој и во секој сличен случај, врши јавно насилство над оние кои поинаку мислат. Толку повеќе што таква поворка се организира во град кој е под вековен покров на Пречистата, Преблагословена Дева Богородица, која нетлено Го родила Бога Љубов – за живот на светот. По народната поговорка: Она од што паметниот се срами, со тоа лудиот се гордее…

 

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: