Трпението на светиот и праведен поп Никола Планас

9. Неговото трпение и толерантност

 Светиот поп Никола Планас Атински

Неговата толерантност, неговото трпение, не знаеше за граници. Тој имаше еден следбеник кој постојано го придружуваше и пееше за него кога немаше никој друг. Се викаше Михали. Тој го сакаше отец Никола, но исто така, и го мачеше со неговите врисоци. Во студените, снежни денови, кога сите старци си седат покрај нивните печки, овој Михали беше принуден да биде со него во црква. Тој плескаше со рацете за да си ги стопли и ќе викнеше по Поп Никола, кој ги спомнуваше имињата: „Ајдеее, Попеее! Ти сакаш да ги извадиш мртвите од пеколот, а нас да нè закопаш од студов!… И така тој ќе тропаше со рацете и нозете за да се стопли, додека надвор паѓаше снег.

Друг пат, во лето, тој служеше Литургија во Институтот на улицата King George, каде што има мал параклис на света Ана. Таму, после Литургијата, околу три попладнето, Старецот седна надвор од црквата на едно столче за склопување, и веднаш заспа. Михали дотрча, веројатно без размислување, и силно го удри и му го затресе столчето викајќи, „Ќе настинеш, Попеее!“ Ова се случуваше зашто, откако ќе завршеше Литургијата, ако имаше можност, тој обично одеше и се поднапиваше. Ова смртно го преплаши уморниот Поп Никола. Сите негови духовни чеда кои беа присутни го укорија Михали за неговото однесување. Но Поп Никола, со неговото нелажно смирение, ни рече: „Не го укорувајте – тој ме сака, само ми дава до знаење каде ми е местото“. Од ова занемевме; не знаевме што да му речеме. Дури и децата имаат нивни „нерви“, суета итн. Тој никогаш не научи што е вообразеност или гнев. Само се нажалуваше од една работа: кога испуштаа нешто од молитвите, тој беш ескршен. Овој Михали еднаш не му дозволи да прави Молебен на Мајката Божја после завршувањето на Литургијата, и тој цел ден беше нерасположен, и си велеше на себе, „Замисли си, Михали да не ми дозволи да правам Молебен!..”. И ќе си повторуваше во себе, „Замисли, тој да не ми дозволи да правам молебен“. Еднаш, кога во црквата на свети Јован имаше кавга помеѓу црковните одборници, тој се сокри под светата трпеза за да не учествува. Во текот на попладневниот одмор, тој советуваше една од неговите духовни ќерќи како да си го контролира карактерот. Тој ñ рече, „Мислиш ли чедо мое, дека јас не знам да зборувам? Знам, но јас мислам на последиците, и затоа молчам“.

 

10. Календарот

 

Еднаш, псалтот од бденијата, Панајоти Томис, го праша, „Што мислиш отче, во врска со календарот?“ А тој му одговори, „Според убедување, Стариот, а по обврска Новиот!!“ Псалтот беше незадоволен и си замина.

 

11. Лекција за кочијашот

 

Еден ден зема кочија за да оди во Свети Јован, во неговата парохија. Близу до Адријановата Арка, кочијашот се разгневи кон коњот и почнаа да летаат бесни пцовки и вулгарни хули. Свештеникот веднаш му рече, „Застани, застани чедо, слегувам“, и истовремено му плати колку што се беа договориле како за до црквата. „Но“, му рече кочијашот, „јас сè уште не сум те однел до црквата!“ Отецот му одговори, „Знам, чедо, но не можам да останам во твојата кочија откако ти Го похули Оној, Кому јас Му служам“. Кочијашот не знаеше како да се извини. Си замина навреден, и кој знае дали пцуеше повторно?

 

12. Видението на момчето

 

Г-ѓа Константина Брему еден ден со нејзиното дете отиде во Пророк Елисеј, каде што служеше Поп Никола. Додека траеше Литургијата, детето беше во олтарот. Одеднаш, неговата мајка го виде како излегува од олтарот, побледен како да видел дух, и ñ рече на мајка си, „Мамоооо! Отец Никола е  олку подигнат над земјата“, и со рачето ñ покажа околу една стапка над подот. Детето имаше осум години. Мајка му му рече, „Не плаши се, чедо; сите свештеници летаат така над површината додека ја служат Литургијата“. Детето ñ поверува и се смири.

 

Извадок од книгата на монахиња Марта, „Поп Никола Планас“.

Превод од англиски: свештеник Јани Мулев

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: