Фанатици

(Игумен Евмениј)

Со овој психијатриски термин, карактеристичен за обичниот говор, се означуваат луѓето кои со крајно слепило и страственост го посветуваат својот живот во служењето на една работа или на една идеја, и кои се подготвени поради таа работа или таа идеја да ги згазат причините на здравиот разум, а често пати и моралните норми.

На Православието му е туѓ секој фанатизам. Православната организација на душата е хармонична. „Православието е здрав начин на живот“, како што се изрази еден мудар духовник. Но меѓу православните можат сè повеќе да се сретнат токму фанатици, т.е. луѓе кои се фиксирале само на една мисла, на еден правец, на една заповед, кои заборавиле дека Божјата заповед е „многу широка“, или кои преку чувствителноста на срцето не ја спознале неопходноста дека Христовото учење треба да се прифати во сета негова полнота. Пример за ваквата фиксација само за еден предмет во севкупната разновидност на христијанството може да биде дури и врвот на добродетелта – молитвата, поточно, нејзиното субјективно доживување како повод за човекот во „молитвената осаменост да се огради од злиот и суров свет“.

Но, како да одредиме дали човекот навистина престојува во молитва, или влегол во областа на фанатизмот, од која е пожелно што порано да го извлечеме, инаку работата може да поприми најнепредвидлив пресврт? Извонреден одговор на ова прашање дава преподобен Јован Лествичник: „Кога стоиш на молитва, а твојот брат затропал да те замоли за нешто, остави ја молитвата и послужи му на братот, затоа што молитвата е твоја лична добродетел, а да се пружи љубов е нешто неспоредливо поголемо и во неа е полнотата на совршенството“.

Овој принцип може да биде лакмус-хартија и за многу други ситуации.

Човекот е социјално битие. Бог нè создал за настан во љубовта. Човекот што поседува социјално чувство е далеку од фанатизмот. Бидејќи социјалното чувство во својата формулација е облик на дејствена љубов кон ближниот, неопходно е да му дадеме проширена формулација.

„Социјалното чувствување е инстинктивна и во исто време свесна и управувана способност да се гледа со очите на другиот, да се слуша со ушите на другиот, да се чувствува со срцето на другиот. Тоа е способност која се потпира на чувствувањето на припадноста кон групата и народот, способност за длабока емоционална комуникација со луѓето, интерес за процесите кои се одвиваат во општеството, вера во луѓето, способноста да се биде отворен, искрен и слободен во дијалогот, оптимизам и историско сеќавање, подготвеноста да се сослуша критиката, трезвено да се оценат своите способности, да се признае својата несовршеност, подготвеноста да се манифестира добрина, сочувство и иницијатива“ (Алфред Адлер, За невротичниот карактер, Универзитетска книга, 1997, стр. 20-21).

Ако некој занес (сметајќи ги тука и поединечните религиски прашања) се става над единството со останатите луѓе, со одземање на правото на оние со сопствено гледиште, непријателство и омраза поради тоа што тие се поинакви, тогаш настанува реална опасност од фанатизам. Добро е ако со фанатизмот се среќаваме исклучиво како недоразбирање на ниво на теоретски неправилно сфатени вистини. Далеку потешко е ако фанатизмот почнал да се манифестира како психичко растројство. Забележано е дека првото му претходи на второто.

Како и параноиците, фанатиците се луѓе со „преценети идеи“, крајно еднострани и субјективни. Од параноиците ги разликува тоа што тие обично не ја истакнуваат во преден план својата личност, туку повеќе или помалку некористољубиво ја потчинуваат својата дејствителност на овие или оние идеи со општ карактер. Тежиштето на нивните идеи не се наоѓа во самите идеи, туку во нивната примена во животот – резултатот на тоа е што нивната дејственост на интелектот најчесто се повлекува кај нив во втор план во споредба со волјата, придвижена со длабок афект…

Афектите на фанатикот, како и нивните идеи, не се одликуваат со богатство. Тоа се луѓе не само на една идеа, туку и на една страст. Бидејќи обично се лишени од грубо користољубие и таков неприкриен и сеопфатен егоизам, кој е својствен на параноиците, фанатиците, меѓутоа, се ретко способни да манифестираат душевна топлина кон луѓето. Поради тоа нивната волја и насоченост на нивното делување може да бидат исправени од страна на мудриот пастир, кој мора да има стрплив пристап кон овие луѓе, кои во религиозниот живот бараат повеќе самореализација, отколку служење.

Треба да кажеме дека здравата и благодатна атмосфера ба црковниот живот, топлината на братските односи во парохијата или манастирот, може да ја ублажат нездравата насоченост на фанатикот, и да ја упатат на потребниот колосек. Поради тоа е неопходно постојано пастирско внимание кон таквите верници. Духовникот може со помош на убави зборови, разговори, искрен однос и со својот живот, да им покаже дека, да се сочува полнотата и искреноста на човечките релации во црковната заедница и надвор од неа, е далеку поважно, отколку да се исполнат огромен број на надворешни принципи и прописи на црковно-типикалниот живот, ако при тоа биде изгубен духот на љубовта и братското разбирање.

Фанатизмот кој се манифестира во вонцрковната средина е исклучително опасен. Главната сила на фанатиците се состои во нивната нескршлива волја која им помага без колебање да го остваруваат тоа што го сметаат за потребно. За гласот на убедувањето тие се глуви, сета нивнат страсна, но едноставна ефикасност се наоѓа во целост во служба на нивното убедување, а отпорите и гонењата само ги зацврстуваат. Во личните односи тие се најчесто или рамнодушно студени, или обврзано строги. Човечката мака не ги допира и бездушната суровост неретко претставува нивно главно својство. Челичната волја ги прави фанатиците опасни за општеството.

Психијатрите обично со нив се среќаваат како со водачи на нови религиозни струи и секти. Неретко под нивно раководство се извршувале свирепи дела и чудовишни злосторства: себеизмачувања, мачења и убиства. Животниот пат на фанатикот се одредува со неговото внатрешно битие: тоа е човек на борба, кој ретко минува без судир со реалноста. Отсуството на дар на разумност лесно го доведува до судир со законот и општествениот поредок.

Извадок до книгата „Пастирска помош на душевно болни“

од игумен Евмениј,

ЃаконијА, Велес 2007.

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: