За духовната чистота – Преподобен Исаак Сириски

Што е тоа чистота? Накусо кажано: срцето, кое има милост за секое живо суштество. (Слово 48, стр. 205)

 

Преподобен Исаак Сириски
Преподобен Исаак Сириски

 

Чистота на умот

 

Прашање: Што е тоа чистота на умот?

Одговор: Чист ум не е оној кој не знае за зло (затоа што таквиот ум ќе наликува на животински), не оној, кој по природа се наоѓа во детска состојба, не тој, кој навидум прима изглед на чистота. Но еве ја чистотата на умот – просветление Божествено, преку делотворно учество во добродетелите. И не смееме да кажеме, дека некој го постигнал ова без искушенија со помислите, затоа што во тој случај тој би бил бесплотен. Затоа не се осмелуваме да зборуваме, дека нашата природа до самата смрт не е победувана и не трпи штета. Искушенија со помислите го нарекувам не тоа, за да им се потчинуваме, туку дека треба да започнеме борба со нив. (Слово 4, стр. 23)

 

Чистотата на умот и чистотата на срцето

 

Прашање: По што се разликува чистотата на умот од чистотата на срцето?

Одговор: Едно е чистотата на умот, а друго чистотата на срцето. Затоа што умот е едно од душевните чувства, а срцето опфаќа во себе и ги држи во своја власт внатрешните чувства. Тоа е коренот, а ако коренот е свет, тогаш и гранките ќе се свети, т.е. ако срцето се доведе до чистота, тогаш е јасно, дека ќе се очистат и сите чувства. Ако умот пројави стремеж кон читање на Божествените Писанија или малку се потруди во постот, во бденијата, во безмолвието, тогаш ќе го заборави својот поранешен начин на размислување и ќе достигне чистота, колку што поскоро ќе се оддалечи од валканиот начин на живот; меѓутоа нема да има постојана чистота, затоа што колку брзо се очистил, исто толку брзо и ќе се оскверни. Срцето пак достигнува чистота преку многу таги, лишувања, оддалечување од општење со сите што се во земниот свет, и умртвувајќи се себеси за сето тоа. Ако срцето достигнало чистота, тогаш таа негова чистота не се осквернавува со ништо мало, не се плаши од големи, јавни борби, затоа што стекнало силен желудник, кој може брзо да ја свари секоја храна, а која е несварлива за немоќните луѓе. Затоа докторите велат дека секоја храна која содржи месо е тешка за варење, но им дава многу сила на здравите тела, кога се прима со силен желудник. Така секоја чистота, здобиена набрзина, за кратко време и со мал труд, брзо се губи и се осквернува. Чистотата, пак, добиена со многу таги и добиена во текот на подолг временски период, не се плаши од каков и да е предлог кој не е над силите во било кој дел од душата, затоа што Бог ја укрепува душата. Нему слава во веки веков! Амин. (Слово 4, стр. 24-25)

 

Со што се зачувува и со што се нарушува чистотата на умот?

 

Целомудрените и собрани чувства соединети заедно во душата создаваат мир и не ì дозволуваат да вовлекува во испитување на нештата. А кога душата не ги прима во себе допирите на нештата, тогаш победата е добиена без борба. Ако човек е мрзлив и дозволи лошите предлози (на помислите) да имаат достап кон него, тогаш тој ќе трпи напади. Се нарушува и првоначалната чистота, која е сосема едноставна и сталожена. Токму поради таа мрзливост поголемиот дел од луѓето, па и целиот свет, излегува од природната и чиста состојба. Затоа, луѓето кои живеат во светот, во тесни врски со световните луѓе, не можат да си го очистат умот, поради тоа што, длабоко го спознале злото. Малкумина се во состојба да се вратат кон првобитната чистота на умот. Затоа, секој човек треба внимателно да ги чува своите чувства и својот ум од лоши предлози. Затоа е потребна трезвеност, бдеење, претпазливост. Прекрасна е великата едноставност. (Слово 5, стр. 25-26)

 

Превод од руски јазик:

Миле Иваноски, апсолвент на Руски јазик

Наслов на изворникот:

Преподобный Исаак Сирин,

Азбука духовная,

„Православие и современность.

Электронная библиотека“

 

Православна светлина бр. 14

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: