Чудото на свети Теодор Тирон

(Тодорова сабота)

Agios Theodoros o TyronВо овој ден, првата сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток: За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј – синот на големиот цар Константин), кој отпадна од Христа и му се врати на идолопоклонството, започна гонење на христијаните, јавно или прикриено. Злочестивиот, откако се одрече од свирепото и нечовечно јавно измачување на христијаните, почна да ги искушува вака: Тој ги срамотеше и онеправдуваше и, за да не се множи нивниот број, мислеше како потајно да ги оскверни. Затоа, знаејќи дека нашиот народ христијански најмногу се очистува во првата седмица од Постот и се труди да Му угоди на Бога, царот Јулијан го повика управникот на градот и му заповеди да ја отстрани храната што обично се продава на пазарите, и да ја замени со храна, односно со лебови и пијалаци, осквернети со крв од идолски жртви, та оние што се очистуваат со постот, кушувајќи и јадејќи од оваа храна, да се осквернат. Управникот на градот (епархот) веднаш ја изврши наредбата и по сите пазари изнесе за продавање храна која претходно била осквернета со жртвена крв. Но, окото Божјо кое гледа сè и злонамерните ги препнува со нивното лукавство, а кое секогаш промислува за нас – неговите слуги, оваа подмолна намера на Отстапникот му ја осуети; му ја откри на великиот маченик Теодор, наречен Тирон, и го испрати при градскиот архиереј Евдоксиј кој не бил баш многу прав и православен, да го извести за намерата на царот. Свети Теодор, не на сон ами на јаве, отиде при архиерејот и му рече: „Стани веднаш и собери го стадото Христово и кажи му да не купува ништо од пазарите, зашто храната е осквернета со жртвена крв, по наредба на нечестивиот цар“: Овој, пак, чудејќи се, го прашал: „Што ќе прават оние што немаат храна дома, ако не одат на пазар да купат?“ Св. Теодор му рече: „Нека јадат коливо.“ Бидејќи овој не разбираше што е тоа коливо, Великиот Теодор му рече: „Тоа е варена пченица; така ние обично во Евхаит го именуваме.“ Патријархот го прашал: „А кој си ти што се грижиш за христијанскиот народ?“ Светителот му одговори: „Јас сум Теодор, Христов маченик, Кој ме испрати да ви помогнам.“ Патријархот веднаш станал и на мнозина им кажал за своето видение и, откако постапи така, Христовото стадо го запази неоштетено од подмолната завера на Отстапникот. Кога тој виде дека неговата измама е откриена и дека со тоа ништо не направил, нареди на пазарите повторно да се изнесе вообичаената храна. А Христовиот народ, кога заврши седмицата, му оддаде благодарност на добротворот и маченикот, и со радост, поради коливото, оваа сабота ја определи да се слави во негов спомен. Оттогаш, ние верните, спомнувајќи си за чудото и за да не биде заборавено делото на маченикот, му оддаваме почит на свети Теодор со коливо.

Овој голем маченик Теодор е оној што злочестивиот Вринга го стави во затвор, за време на царот Максимилијан. Најнапред бил мачен; потоа тој го запалил храмот на нивната божица, а богатството од храмот го разделил на домородните жители. Неколкумина дошле при него за да го разубедат да се откаже од Христа, но по разговорот тој го отфрлил нивниот предлог. Потоа го подложиле на многу страдања; на крајот, откако разгореле силен оган во печка, го фриле во неа, но тоа не му наштетило. Најпосле, својот дух тој Му го предал на Бога.

По неговите молитви, Христе Боже, помилуј нè и нас и спаси нè. Амин

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: