Молитвословие за утеха на роднините на самоубијците

Текстот на „Чинот на молитвена утеха на роднините на оние кои своеволно го прекинале својот живот“ е утврден со одлука на Свештениот Синод на РПЦ од 27 јули 2011 год (журнал бр.87). Црковните канони забрануваат „принос и молитва“ за самоубијци (Тимотеј 14), како такви кои свесно се одделиле од заедница со Бога. Правилноста на ова правило се потврдува од духовниот опит на подвижниците, кои, дрзнувајќи се да се молат за самоубијците, доживувале преголеми тешкотии и демонски искушенија.

Наведеното правило насвети Тимотеј Александриски било насочено против отпаднатите членови на Црквата. Меѓутоа во наше време голем број од оние кои своеволно го прекинале својот живот се крстени луѓе, но кои не добиле црковно воспитување, ни црковна грижа. Тие го прекинуваат својот живот не како последица насвесното противење на Бога и на Црквата, туку како „надвор од умот“, иако тоа не е докажано со медицински докази. Свештеникот кој не го познавал таквиот покојник во неговиот живот, не може да одлучи како да се однесува кон таквата смрт, а роднините и блиските на самоубиецот, соочувајќи се со одбивање од страна на свештеникот да изврши опело над самоубиец, уште повеќе се оддалечуваат од Црквата, не добивајќи утеха.

juda obesenВо врска со тоа Свештениот Синод на Руската православна црква благословува, во интерес на духовната грижа на паствата и еднообразност во пастирската практика предлага, да не се извршува опело и принос за самоубијците, т.е. спомнување во храмот, туку на блиските и роднините да им се извршат следниве утешителни молитви.

Освен извршувањето на предложениов чин, роднините и пријателите на таквите починати, може да го практикуваат, со благослов од свештеник (духовник), и ќелијното читање на молитвите на преподобниот Лав Оптински. Повеќе од сè на таквите починати им помага раздавањето на милостина за нив и побожниот живот на нивните роднини и блиски.

(Овој чин сè уште не е прифатен и не се практикува во нашата Света Македонска православна црква – Охридска архиепископија)

Чинот се чита од страна на свештеник:

Благословен е нашиот Бог…

Трисвето.

Алилуја, глас 6.

Стих 1: Господи, со Твојата лутина да не ме изобличиш, и со Твојот гнев да не ме казниш.

Стих 2: Помилуј ме, Господи, зашто сум немоќен.

Тропарите: Помилуј нè, Господи, помилуј нè.

Слава: Господи, помилуј нè.

И сега: Вратите на милосрдието.

Псалм 50.

И следниве антифони, глас 3:

Стих: Помилуј нè, Господи, помилуј нè, зашто се исполнивме со многу понижувања (Псал. 122, 3)

Отче Небесен, Изобилен од љубов, Човекољубецу, Милостив, милостив биди кон нас, Ти Кој сите ги опфаќаш и сите ги примаш! (кондак на преп. Роман Слаткопевец на Велики Четврток).

Стих: Рече безумникот во своето срце: нема Бог (Псал. 52, 1).

Отче Небесен, Изобилен од љубов, Човекољубецу, милостив, милостив биди кон нас, Ти Кој сите ги опфаќаш и сите ги примаш!

Слава: Кога ќе седнеш, Судијо, како благоутробен, и ќе ја покажеш Твојата страшна слава, Спасителу: о, каков страв ќе биде тогаш, од печката зажарена, за сите кои се плашат од силата на Твојот суд! (од Великиот покаен канон, песна 8, тропар 4).

И сега: Немаме друга помош, немаме друга надеж, освен Тебе Владичице. Ти помогни ни, на Тебе се надеваме и со Тебе се фалиме, зашто Твои слуги сме, да не се посрамиме.

На Господа да се помолиме.

Господи помилуј.

Молитва:

Владико, Господи, Милостив и Човекољубив, кон Тебе повикуваме: згрешивме и беззаконувавме пред Тебе, ги погазивме Твоите спасителни заповеди и не покажавме евангелска љубов кон нашиот очаен брат (очајна сестра). Но со Твојата лутина не изобличувај нè, ниту со Твојот гнев не казнувај нè, Човекољубив Владико, намали ја, исцели ја нашата срдечна болка, да победи мноштвото на Твоите изобилија над бездната од нашите гревови, и океанот од Твоите небројни добрини да го покрие горкото море од нашите солзи.

Да, Исусе Пресладок, уште ти се молиме, подари им на Твоите чеда, роднините на оној кој самоволно го прекинал својот живот, во нивната тага утеха и на Твојата милост цврсто надевање.

Зашто си милостив и човекољубив Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, со Беспочетниот Твој Отец и со Пресветиот и Добар и Животворен Твој Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Премудрост.

Пресвета Богородице спаси нè.

Почесна од херувимите…

Со името Господово, отче благослови.

Обичен (мал) отпуст.

Молитва на преподобниот Лав Оптински за ќелијно читање:

Побарај ја, Господи, загубената душа на Твоето чедо (името): ако е можно, помилуј ја. Неиспитливи се Твоите судови. Не сметај ми ја за грев оваа моја молитва, но да биде Твојата света волја.

Превод од руски јазик:

Свештеник Јани Мулев

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: