Огласително слово за Пасха – свети Јован Златоуст

A171voskreАко некој е благочестив и богољубив, нека се насладува од ова прекрасно и светлозарно Празненство. Ако некој е слуга благоразумен, нека влезе возрадуван во радоста на Господа свој. Кој усрдствувал постејќи нека си ја прифати наградата. Ако некој работел од првиот час, денес нека си ја прими праведната отплата. Кој, пак, дошол по третиот час, благодарствено нека празнува. Ако ли некој стасал по шестиот час, воопшто да не се сомнева, зашто во ништо не ќе биде оштетен. Ако некој, пак, задоцнил да дојде и во деветтиот час, нека пристапи, ни малку не колебајќи се. Ако ли некој стигнал дури во единаесеттиот, да не се плаши поради доцнењето, зашто штедар е Владиката, го прима последниот како првиот, го успокојува оној од единаесеттиот час исто како и тој, кој работел од првиот. И последниот го милува, и на првиот му угодува, и на едниот му подава, а и другиот го дарува. И делата ги прифаќа, и умислата ја целива, и дејанието го почитува, и намерата ја пофалува. Затоа, влезете сите во радоста на Господа ваш, и првите и вторите, наградата примете си ја. Богати и сиромаси, заедно ликувајте! Воздржливци и мрзеливци, Денот чествувајте го! Вие што постевте и Вие, кои не сте постеле, возрадувајте се денеска! Трпезата е преполна, насладете се сите! Телето е угоено, никој да не излезе гладен! Сите угостете се од гозбата на верата! Сите насладете се од богатството на добрината! Никој сиромаштвото да не си го оплакува, зашто ни се јави заедничкото Царство. Никој да не се опечалува поради гревовите, зашто простување од гробот ни изгреа. Никој да не се плаши од смртта, зашто нѐ ослободи нас смртта Спасителова. Ја згасна Оној, Кој од неа беше држен. Го разоружа адот Тој, Кој слезе во адот.

Го огорчи адот, кој телото Негово го вкуси, а предузнавајќи го ова Исаија, воскликна: Адот се огорчи кога Те сретна долу.

Се огорчи, зашто опусте. Се огорчи, зашто беше сотрен. Се огорчи, зашто беше исмеан. Се огорчи, зашто беше умртвен. Се огорчи, зашто бидна соборен. Се огорчи, зашто беше окован. Прими тело, а налета на Бога. Прими земја, а се соочи со Небото. Го прими она што го гледаше, а попадна во она што не го гледаше. Каде ти е, о смрт, осилото? Каде ти е, аду, победата?

Воскресна Христос, и ти се урна! Воскресна Христос, и паднаа демоните! Воскресна Христос, и се радуваат Ангелите! Воскресна Христос, и животот торжествува! Воскресна Христос, и нема ниеден мртов в гроб!

Зашто Христос, востанувајќи од мртвите, стана Првина на упокоените. Нему слава и власт во вековите на вековите! Амин!

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: