Чудесни исцеленија по молитвите на авва Јустин Ќелиски

1949 година

Новопрославениот преподобен Јустин Ќелијски
Новопрославениот преподобен Јустин Ќелијски

Живорад Матиќ од селото Богатиќ, над Ваљево, стар 18 години, бил толку болен, што лекарите им соопштиле на неговите родители дека болеста е неизлечива и дека се ближи смртта. Болниот Живорад лежел неподвижен. На Благовештение, оваа 1949 година, дошол неговиот дедо Вучко Антонијевиќ, и прашал: „Може ли да се чита молитва за болен, а болниот да не биде присутен?“ Отецот архимандрит Јустин му кажал дека може, и го зел името од болниот. На Светата Литургија го спомнувал во ектенијата за болни, а по завршената Света Литургија му прочитал молитва. Во исто време кога се читала молитвата во манастирот, од својата постела станал и болниот, и отишол сам, без било чија помош, во друга куќа каде што биле неговите домашни. Тоа било големо восхитување, а и голема радост за сите. Утредента, мајката дошла во манастирот да Му заблагодари на Господа и на светиот архангел Михаил за оздравувањето на нејзиниот син Живорад.

Велик си, Господи, и велики се Твоите дела!

***

Во февруари оваа (1949) година, дојде жена од Сушица (над Ваљево) и ја доведе ќерката Милена, која цела година боледува од падавица. Одела сиротата мајка насекаде, и кај лекари, и кај бајачи, само за да добие некаков лек за нејзината болна ќерка, која имала неполни осум години. Попусто, нема лек за девојчето. Сè полошо, а очајната мајка не знае да прибегне во црква. Некој во селото ѝ препорачал да оди во манастирот Ќелии на молитва. И мајката со своите, по најголемиот снег, на носилки ја доведе Милена. Отец Јустин поита кај детето и му прочита молитва. Детето блада, бидејќи падавицата постојано го тресе и не го напушта. Мајката нè замоли да остане неколку дена во манастирот. Така и бидна. Секојдневно по Светата Литургија аввата ѝ чита молитва на малата Милена. Но на Милена сè полошо ѝ станува. Лежејќи на постела, бладајќи,пружајќи ги рацете наваму-натаму, таа со телото отскокнуваше од креветот. Ужасно беше да се гледа кутрото дете како се мачи. По цел ден не си доаѓа на себе. Мајката сета очајна не се тргнува од детето ни ноќе, ни дење. Но по четири-пет молитви на девојчето му олесна малку. Цела недела беше кај нас. И по седмата молитва на Милена потполно ѝ олесна. Тогаш мајката, преполна од благодарност кон Бога и кон авва Јустин, отиде дома со својата ќерка Милена. А аввата и понатаму ја спомнуваше Милена. Оваа година (1950) мајката на Милена (болната од минатата година) која трча и на отецот (Јустин) му донесе чорапи како дар. Сите излеговме, радувајќи се и чудејќи се. А мајката сета расплакана му пристапи на отецот и му се заблагодари. Мајката раскажува: Кога минатата година ја однесовме дома, нејзе ѝ беше телошо, те добро. Но се разретчи падавицата и кога дојде пролетта нејзе ѝ беше сè подобро. Чува овци, и сега е сосема добро, благодарение на вас, отче, ми оздраве мојата надеж и утеха“.

Година 1952

… (продолжува)

Превод: Свештеник Јани Мулев

Изворник: Преподобни Јустин Нови Ћелијски –

житије и чуда,

Манастир Ћелије 2007

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: