Осудување и хулни помисли

плакидаЕднаш отидов во манастир и останав таму извесно време. Во манастирот имаше мошти на еден голем богоугодник, и јас секој ден одев кај моштите да ги целивам, и така понекогаш одев и на акатист, што монасите го служеа по вечерната служба. Од тој начин на живеење имав толку многу радост и многу нешта, што тоа би можело да се нарече откровение на верата. Еднаш јас седев на клупата пред храмот, и по некое време на соседната клупа седна еден стар монах, схимник, но јас не го знаев тоа. Побарав благослов, но тој само се помоли за мене и ја положи својата сува рака на мојата глава. Потоа кај него почнаа да доаѓаат други верници, тие бараа молитви, благослови, и по сите нив дојде една жена и почна да го прашува монахот за некои работи од животот. Неговите одговори не наоѓаа одзив во мојата душа, ми се чинеше дека тој лошо разбира за што го прашуваат и на крајот кажа нешто, што мене силно ме збуни. Во тоа време дојде автомобилот и јас отидов на послушание, заборавајќи го тој монах. Меѓутоа, утрото, кога јас стоев на литургија, ми се случи нешто страшно: за време на богослужението почнаа да ме напаѓаат хулни помисли и безобразни слики. Јас знаев дека тоа не е мое и целата бев во ужас. Така тоа траеше многу денови, додека не добив вразумување од една проповед, дека многу искушенија трпат оние кои го осудуваат ближниот, но повеќе од сè трпат оние кои ги осудуваат свештениците или монасите. За миг се сетив за мојата збунетост од зборовите на стариот монах и сфатив, дека тоа збунување е рамно на осудување и поитав на исповед и не без срам му раскажав на духовникот сè што ми се случи. Веќе на следната литургија забележав дека искушението го нема и хулните помисли не ме вознемируваат повеќе.

Треба добро да се преиспитуваме, и ако најдеме нешто во својата совест, поитајте да го исповедате.

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: