Страшно чудо во манастирот на Свети Павле

Отците од Неа Скити (Нов скит)ни го раскажаа следново чудо, кое се случи во свештениот манастир на Свети Павле (Света Гора)

Во текот на игуменството на архимандритот Серафим, околу 1935-1936 година кога на Пасха сите отци и браќа од манастирот, 60 на број, според традицијата излегоа во предворието за да го објават Воскресението на нашиот Господ Исус Христос, по испеаното „Христос воскресе“, кат-игуменот Серафим, на еден од најдобрите, прости но верни старчиња, брат на манастирот и секогаш расположен трудбеник на послушанието, старец Тома, му рече: „Дедо Тома, оти, те молам, долу во костурницата да им кажеш на коските од отците „Христос воскресе“.kosturnica

Дедо Тома подготвен, без да мисли каде оди, рече: ,Нека е благословено, старче‘, и веднаш отиде кај коските и гласно рече: „Игуменот ме прати да ви кажам „Христос воскресе“, отци и браќа“.

Веднаш сите коски се затресоа, заиграа и потскокнаа, еден черек скокна во височина од еден метар нагоре и одговори на поздравот од старецот и рече: „Навистина воскресна Господ“, и веднаш настана повторно мртва тишина кај коските.

Дедо Тома се врати и на прашањето од игуменот му кажа сè што виде и слушна. Се потресоа сите отци кога го чуја тоа и сите со една уста Го прославија Бога, затоа што нашата вера е жива, вистинска и пресвета!

 

Превод од грчки јазик:

Свештеник Јани Мулев

Изворник:

ΦΟΒΕΡΟ ΘΑΥΜΑ ΣΤΗΝ ΜΟΝΗ ΑΓΙΟΥ ΠΑΥΛΟΥ

http://www.agioritikovima.gr/diafora/theologikos-log/diafora/11009-fobero-thauma-t

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: