Зар си дошол тука предвреме да нè мачиш? (28.07.2013)

Свештеник Јани Мулев

Мат. 8, 28. И кога пристигна на другата страна во земјата Гергесинска, Го сретнаа двајца бесни, излегле од гробиштата; беа толку лоши што не смееше никој да мине по тој пат.
29. И ете, извикаа и рекоа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! Зар си дошол тука предвреме да нè мачиш?”
30. А далеку од нив пасеше голем број свињи.
31. И бесовите Го молеа и говореа: „Ако нè изгониш, позволи ни да отидеме во свињине!”
32. И Он им рече: „Отидете!” И тие излегоа и отидоа во свињите. И одеднаш сите свињи се сурнаа низ стрмнината во морето и се издавија во водата.
33. А свињарите побегнаа и, штом дојдоа во градот, раскажаа за сето тоа и за она, што се беше случило со бесните.
34. И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исуса и, кога Го видоа, Го замолија да си отиде од нивниот крај.9, 1. Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна, во својот град.

Во овој евангелски настан, кој ни го опишува чудото со исцелувањето на двајцата демонизирани Гергесинци, кое го извршил Господ, има повеќе значења. Овде ќе се задржиме на зборовите кажани од демонизираните луѓе.

gergesinski besomachniПри средбата со Богочовекот Исус Христос, Којшто самиот е Љубов и од љубов направи сè за нас, демонизираните Гергесинци, под дејство на демоните, – коишто веруваат и треперат пред Господ (Јак. 2, 19), но го мразат, па затоа и дрско му се противат, – Го обвинуваат Него дека дошол да ги мачи. Може ли нашиот Сељубовен и семилостив Бог да мачи некого? Оној Кој „не се гневи до крај, ниту вечно се лути“, „Кој не ни направи ништо според нашите беззаконија“ (Псал. 102, 9-10), Кој им прости на оние кои Го камшикуваа и Го распнаа на Крст, Кој им прости на Петра и на блудницата заради нивното покајание, Кој и на Јуда ќе му простеше ако овој покажеше покајание – зарем Тој Бог ќе ги мачи?

Всушност, Бог не е Оној Кој мачи и казнува, туку нашите гревови, пред сè, омразата, гордоста, гневот и зависта, кои толку многу нè помрачуваат, па ние така Го доживуваме. Оној кој има омраза и завист, таквиот е подготвен со секого да се скара, со секого да биде непријател, па дури и со оние кои го сакаат, бидејќи неговото срце е скаменето, и не може да ја почувствува љубовта која луѓето му ја нудат. Такви се и оние кои, подобно на демоните, и Бога Го мразат. Бог е љубов, а тие го мразат. Светиот апостол Павле вели: „Ако непријателот твој е гладен, нахрани го; ако е жеден, напој го; оти, правејќи го тоа, ти ќе му натрупаш жар на главата негова“ (Рим, 12, 20). Ете, таква е љубовта Божја, силна како жар, и ги гори оние кои имаат омраза. Токму така го доживеале присуството на Христос и кутрите демонизирани луѓе, и поради својата омраза, која воедно им ги отворила вратите на демоните да влезат во нив и да ги опседнат, токму поради неа така страшно Го доживеале Господ, како жар, кој со својата љубов ги гори и мачи.

Апостолот Павле вели: „Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог!“ (Евр. 10, 31). И навистина е страшно, но само за оние кои, како свињи во калта, се валкаат во страшни гревови, додека, пак, за секоја богокопнежна и богоподобна душа, средбата со Господ е вистинска среќа, и затоа уште од апостолски времиња е останат призивот: „Да, дојди, Господи Исусе“ (Отк. 22, 20).

Оној кој се труди во својот подвижничко-литургиски живот, поттикнат од љубовта Божја, и кој самиот се уподобува на Бога според љубовта кон ближните па и кон непријателите, секогаш ќе се стреми кон заедница со Бога, и како апостолите ќе вели: „Господи, добро ни е да бидеме овде“ (Мат. 17, 4), за разлика, пак, од оние кои, слично на демоните, Го мразат Бога и Му пркосат, тие никогаш нема да се радуваат што Бог некого исцелил и ослободил од демонското ропство, туку секогаш ќе жалат по свињите, како и жителите од земјата Гергесинска, на кои свињите им беа помили и од нивните сожители, и од Оној Кој ги исцели и ослободи.

Господ Исус Христос да нè ослободи од ропството на страстите и гревовите, та очистени и измиени, да се радуваме на сè што ни дал Господ, а најмногу заради тоа што ни се дал Себеси за храна, од којашто секој што јаде, ќе живее вечно. Амин.

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: