Гревот и смирението на епископот

Еднаш еден епископ падна во голем грев. Наредниот ден беше голем празник, и тој требаше да служи литургија во една црква која го славеше тој празник, а таму се собираше целиот град.

Штотуку влезе во црквата епископот, се качи на амвонот, пред мноштвото народ го откри својот грев, го извади омофорот – символот на архиерејството, му го даде на неговиот ѓакон, и со голема скрушеност, гласно, за чујат сите, рече:

mozaik hristos„Откако паднав во таков грев, не може повеќе да бидам ваш епископ. Изберете си некој друг да ве води, да ви служи, да ве исповеда“.

И тргна да се симнува од амвонот, за да си замине. Но народот, кој толку многу го сакаше, го спречи.

„Остани на твоето место и нека е врз нас твојот грев“, – му довикнаа во еден глас. „Ние тебе те сакаме за отец и епископ наш“.

Тогаш епископот, трогнат од љубовта на народот, се искачи пак на амвонот и викна:

„Ако сакате да останам на местото за кое сум недостоен, ќе направите сè како што ќе ви кажам“.

„Ќе направиме сè што ќе ни кажеш“, – се согласија сите заедно. „Доволно е само да останеш“.

„Затворете ги сите врати и оставете го отворен само малиот капиџик. Јас ќе одам и ќе легнам пред тој капиџик. Ќе излегувате од таму сите и поминувајќи ќе газите врз мене велејќи: ,Бог да ти прости‘. Тогаш ќе останам“:

Христијаните, за да не го изгубат својот епископ, го послушаа. Еден по еден излегувајќи газеа врз него. Кога излезе и последниот, се слушна глас од небото како вели:

„Заради неговото големо покајание и смирение, гревот му е простен“.

 

Превод од новогрчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Изворник: http://romfea.gr/foni-ierarxon/18849-2013-09-01-12-51-37

Од „Старечникот“.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: