Свети Пахомиј Хиоски – Поуки

Свети Пахомиј е роден во 1840 година на островот Хиос. Беше замонашен на возраст од 22 години во свештениот манастир на свети Сава во Светата Земја. Се врати на Хиос во 1865 и го основаше Скитот на Светите Отци. Се упокои во Господа на 14 октомври 1905 година.
Свети Пахомиј и манастирот на Светите Отци послужија како инспирација и за свети Нектариј Чудотворец (+1920) и за свети Антим Хиоски (+1960).
Во 1866, на возраст од 20 години, Анастасиос (идниот свети Нектариј) отиде на островот Хиос, каде што беше поставен за учител. По 7 години, тој стапи во манастирот на Светите Отци под грижата на почитуваниот старец Пахомиј. По 3 години како послушник Анастасиј беше замонашен и му беше дадено име Лазар. По една година беше ракоположен за ѓакон и доби име Нектариј. Старец Пахомиј. Старецот и еден богат локален добротвор го убедија младиот монах да заврши факултет во Атина.
Во 1888 година, на возраст од 19 години, Аргир (идниот свети Антим) го посети манастирот на Светите Отци. Доби благослов од старецот Пахомиј за да живее монашки живот, но мораше да се врати кај неговите сиромашни родители и селото имаше потреба од негова помош. По извесно време тој остана во манастирот, и токму овде тој стана монах и го доби името Антим, кое му го даде старецот Пахомиј. Но тој се разболе таму и неговиот игумен го испрати дома кај неговите родители поради здравствени причини. Во 1909, на возраст од 40 години, тој доби Велика схима од наследникот на Пахомиј, јеромонахот Андроник.
Духовни совети на свети Пахомиј Хиоски
Само ова, Господи: Просветли ме за да ја познаам Твојата волја, и дај ми сила да ја исполнам. Тешко мене, гнасниот и нечист.
Христос го прима секое добро дело направено на твоите браќа, ако е направено во Негово име.
Оној кој слуша некого како зборува против братот зад грб, и потоа оди и го кажува јавно тоа, нема да му се прости ни во овој живот, ни во идниот.
Секогаш смирувај се себеси, и не се оправдувај; фрли го срамот врз себе, и ќе најдеш мир.
Со голема грижа извршувај го твоето молитвено правило.
Живеј во едноставност: тоа значи, ако некој те навреди, поднеси го тоа; или, ако некој те опцул или понижил, не му возвраќај и не чувај во себе злоба.
Биди префинет (т.е. немај крајности во својот карактер).
Откривај ги своите помисли јасно (Ова е за монасите кои ги откриваат своите помисли пред нивните духовни отци).
Морам да Го барам Бога со смирение за да ме заштити и не треба да им верувам на моите помисли.
Чувај го вниманието на твојот ум.
Внимание се нарекува чувањето на умот, пазењето на срцето, бдеењето и умственото тихување.
Кога се молиш, сфаќај го она што е кажано.
Вежбај воздржување, коешто е над тишината. Воздржување е да не се смееш, и да не зборуваш празно или лошо за другите.
Ништо не помага во напуштањето на гревот ако спомнувањето на смртта.
Добродетел без смирение не е добродетел.
Што и да правиш, ако немаш смирение, и, особено, љубов, тоа не вреди ништо.
Смирение е да немаш непријателство со било кого.
Мораме постојано да ја кажуваме Исусовата молитва, каде и да сме.
Кога се укоруваш себеси, не се плаши од застранување.
Не мојата волја, туку волјата на мојот Господ.
Морам секогаш да бидам подготвен за смрт; треба да живеам, како тоа да е последен ден од мојот живот.
Треба да ја изговарам Исусовата молитва смирено, како да му шепотам на уво.
Морам секогаш да им давам предност на моите старци.
Морам да ја отсекувам мојата волја: кога мојата помисла ме наведува да погледнам кон нешто, јас не треба да гледам, или кога ми вели да кажам нешто, јас не треба да го кажувам.
Непрестајно морам да се укорувам себеси.
Кога те фалат, не им верувај; бидејќи тие те колнат.
Невозможно е Бог да не ја покаже милоста кон оној кој вистински се труди да биде спасен.

Превод од англиски јазик: Свештеник Јани Мулев

Изворник: Antonios N. Charokopos, Elder Pachomios: Founder of the Skete of the Holy
Fathers in Chios (Athens: 2003), pp. 189-194.

Види исто така: За честото причестување

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: