Архимандрит Тадеј Витовнички (Штрбуловиќ)

(1914-2003)

Starеc_tadej_vitovnickiОтец Тадеј роден е во Петровац на Млава на 19 октомври 1914 година. Крстеното име му е Тома, бидејќи се родил на неговиот празник. Како недоносенче на седум месеци бил крстен веднаш по раѓањето, од страв да не умре, но со чудо Божјо, веднаш по крштението ги отворил дотогаш затворените очи, покажал знаци на живот и почнал да напредува.

Бил одличен ученик, и откако почувствувал монашки призив, заминал кај руските монаси во манастирот Милклово на 6 август 1932 год. Таму раководен со манастирот игуменот Амвросиј со отец Исакиј, обајцата чеда и наследници на Оптинските старци.

По смртта на игуменот Амвросиј во мај 1933 год., сите руски монаси се разотишле по други места, а Тадеј отишол во манастирот Горњак каде што бил замонашен во 1935 година, а веднаш потоа ракоположен во ѓаконски и свештенички чин.

Со уште неколку монаси бил испратен да изучува иконопис во Иконописната школа во манастирот Раковица. Откако добро го изучил иконописот останал во таа школа уште некое време, но поради кревкото здравје и проблеми со дишните ограни, не може да работи во затворена просторија со мирисот на боите.

Во 1938 патријархот Варнава го испраќа од Раковица во Печката патријаршија каде што останал до 1941 год., по што се вратил во Раковица, но во 1948 пак бил испратен во Печката патријаршија, каде што останува како игумен во манастирот во кој тогаш престојувале неколку монаси и 70 семејства на бегалци. Во 1955 заминува во Браничевската епархија кај епископот Венјамин, но во 1957 пак е вратен во Печката патријаршија. По речиси една година конечно преминува во Браничевската епархија, каде што станува старешина на манастирот Горњак.

По Втората светска војна бројот на монаси во Хиландар опаѓа, па постоела опасност манастирот да премине под грчка јурисдикција. Затоа многу монаси од Србија посакале да отидат таму меѓу кои бил и игуменот Тадеј. Неколку години претходно на Света Гора заминуваат јеромонахот Наум Миљковиќ (познатиот отец Стефан Каруљски), и уште тројца искушеници, меѓу кои и Бранко Витковиќ (познатиот отец Георгиј). Бидејќи Наум, Бранко и Тадеј планирале да го вратат општежителниот типик во манастирот, во време кога тоа не им годело на сите Хиландарци, па затоа сите тројца морале да го напуштат манастирот. Јеромонахот Наум заминал во рускиот манастир на Свети Пантелејмон, каде што бил замонашен во Велика схима и добил ново име – Стефан. Потоа заминува во најзилотскиот дел на Света Гора, наречен Каруља, каде што ќе се подвизува до крајот на неговиот живот.

Истиот тој отец Стефан го замонашува искушеникот Бранко, со ново име Георгиј, и тој се населува во манастирот Русик, каде што бил замонашен и свети Сава, синот на Немања. За овие двајца подвижници се зборува и пишува дека се свети и јуродиви подвижници.

Старец Тадеј не бил примен, како што смета самиот тој, затоа што таму попрво примаат искушеници, отколку постари монаси и игумени, кои веќе имаат стекнато поинакви навики во своите матични манастири.

На Света Гора останал само 2 месеца, а потоа се вратил во манастирот Витовница, па во манастирот Туман, па потоа пак во Витовница.

Поради недоразбирања со својот архиереј бива прогонет од манастирот, па го завршил својот блажен живот во домот на Слободан Грубор во Бачка Паланка.

starec tadej pogrebСе упокоил на 13 април 2003 година, а погребан е на 15 април во манастирот Витовница.

Остана запаметен по неговите поуки, како еден од најголемите духовници, кај кого понекогаш се исповедал и самиот патријарх Павле.

По неговата смрт многумина сведочат за чудесни настани кои се случуваат кај неговиот гроб, или од неговите фотографии и икони.

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: