Маловерие

Тој грев е најраспространет; понекогаш маловерието преминува во потполно безверие, иако честопати човекот кој страда од него продолжува да оди на богослужби, оди на исповед.

tomaВо таква состојба маловерниот не го отфрла свесно постоењето Божјо, но се сомнева во Неговата семожност, милосрдие или Промисла. Со своите постапки, приврзаности, со сета устроеност на својот живот тој ѝ противречи на верата која ја исповеда со зборови. Таквиот човек никогаш не се задлабочува дури ни во најпростите догматски прашања, плашејќи се да не ги изгуби наивните претстави за христијанството, често пати неточни и примитивни, коишто тој некогаш ги стекнал. Претворајќи го Православието во национална, домашна традиција, збир од надворешни обреди, гестови или сведувајќи го на насладување во убавото хорско пеење, светкање на свеќите, т.е. кон надворешната естетика, маловерните го губат најглавното во Црквата – нашиот Господ Исус Христос. Кај маловерниот религиозноста е тесно поврзана со емоции естетски, страсни, сентиментални: таа лесно се спојува со егоизмот, суетата, чувствителноста. Луѓето од тој тип бараат пофалби и добро мислење за нив од духовникот. Таквите луѓе често на исповед се жалат од другите, сакаат да ја покажат својата „праведност“. Тие лесно преминуваат од показателно „благочестие“ кон раздразливост и гнев кон ближниот.

Таквите „праведници“, не гледајќи во себе никакви гревови, често пројавуваат кон луѓето околу нив бездушност, егоизам и лицемерие; живеат само за себе, сметајќи го воздржувањето од гревови доволно за спасение. Воопшто религиозното самозадоволство и самоуспокоеност – главни карактеристики за оддалечувањето од Бога и Црквата.

Превод од руски јазик:

Свештеник Јани Мулев

Изворник:

Архимандрит Лазарь (Абашидзе),

Грех и покаяние последних времен, 1997.

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: