Соништа од ѓаволот

Современи свети старци Порфириј и Пајсиј
Современи свети старци Порфириј и Пајсиј

Го имам чуено следниот настан: „Еден млад човек се заплеткал со некој бајач и се занимавал со магија. Потоа претрпел штета, се разболел и стигнал до болница. Неколку месеци потроши татко му, бидејќи тогаш немаа здравствено осигурување, за да видат што му е. Лекарите не можеа да му најдат нешто. Настана хаос. Што направи тогаш ѓаволот! Му се појави како Чесниот Претеча Јован, кого што го имаа како семеен закрилник, и му вели: ,Ќе те оздравам, ако изгради татко ти црква‘. Детето му го кажа тоа на татка си и тој кутриот рече: ,Дете ми е, колку имам ќе дадам, само да оздрави‘, и вети дека ќе му изгради црква на Чесниот Претеча.

Ѓаволот си замина и детето оздраве. Направи… чудо! Еден ден таткото рече: ,Ветив дека ќе изградам црква. Треба да го исполнам таксаното‘. Не беа моќни финансиски, и, за да го изгради храмот, ги продаде сите ниви што ги имаше. Го даде сиот свој имот. Неговите деца останаа на улица. Се разгневија, ,пусто да остане Православието‘ рекоа, и станаа Јеховини секташи. Гледаш што прави ѓаволот? Се чини, таму немаше Јеховини, па ѓаволот најде начин и таму да се појават!…“

„Некогаш ѓаволот може да земе облик на некој човек или некој светител и да се појави во нечиј сон. Еднаш му се јави на еден човек во ликот на свети Арсениј и му рече: ,Јас сум свети Арсениј. Дојдов да ти кажам дека ќе умреш. Ме слушаш? Ќе умреш‘. Човекот се потресе. Никогаш еден светител не зборува на тој начин со болен човек. И ако случајно умира еден човек и му се јавува еден светител да го извести за неговата смрт, ќе му го каже тоа на добар начин: ,Бидејќи виде Бог како се мачиш, затоа ќе те земе од овој свет. Гледај да се подготвиш‘. Никогаш нема да ти рече: ,Ме слушаш? Ќе умреш!‘“

– Старче, од соништата може ли некој да предвиди нешто што ќе му се случи?

– Не, не им давајте значење на соништата. Било да се пријатни или непријатно, не треба никој да им верува, зашто постои голема опасност од опрелестување (духовна себеизмама). Деведесет и пет проценти од соништата се лажни. Затоа светите отци велат да не им даваме никакво значење. Мал број на соништа се од Бога, но и таквите, за да ги протолкува некој, треба да има чистота и други предиспозиции…

(Старец Пајсиј, Поуки)

– Старче, верувам многу во соништа и кога ноќе ќе сонам некој сон, за кого верувам дека е некаква порака, целиот нареден ден сум вознемирена, бидејќи се плашам дека нешто лошо ќе ми се случи, како вчера, на пример, кога видов во сон риби.

– Да не им придаваш никакво значење на соништата. Оди сега во рибарница, купи си риби, испржи ги и да ги изедете. Тоа да го правиш секогаш со соништата.

(Старец Порфириј, Клитос Јоанидис, стр. 299 од грчкото издание)

Превод од грчки јазик:

Свештеник Јани Мулев

Advertisements

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: