Стани туѓ на улоги и маски

о. Хараламбос Пападопулос

Добро, вчера цел ден имаше главоболки, мора ли да зборуваш цел ден за тоа? Утрото те заболе стомакот, и до утре ли ќе зборуваш за тоа? Имаше еден неуспех, до кога ќе се жалиш? Преку целиот твој живот ќе зборуваш за твоите непријатни детски години? За тоа, колку те онеправдувале татко ти и мајка ти? Веќе си голем, ќе останеш ли таму во детската возраст, исплашен и бунтовен? Имаш еден успех, ќе трубиш за него и ќе се гордееш долго време? Самиот се уништуваш себеси, раскажувајќи за своите успеси, ја привлекуваш љубомората, зависта и злобата на луѓето – освен тоа, самиот се затвораш во балонот на себепофалбата.

Научи се да не зависиш и да не паѓаш во замките на надворешните настани. Бидејќи, денес може ти дошла една радост, но утре ќе дојде една тага. Што ќе правиш, ако тишината и спокојството на срцето зависат од надворешните настани? Денес те пофалија, но утре веројатно ќе те обвинат. Денес доби почит, но утре ќе добиеш клевета.

Животот, луѓето, настаните се сосема променливи. Ако зависиш од нив и им даваш право да го определуваат твојот внатрешен живот, твојата врска со Христос и твоето вистинско јас, во тој случај никогаш нема да најдеш спокој. Задржи го својот ум само во Христос, а не на променливи човечки настани.

Научи се да имаш дистанца од она што се случува. Научи се да му велиш „Чао!“ на вчерашниот ден, и да го поздравуваш со „Добар ден!“ утрешниот. Да го живееш денешниот ден, сегашноста. Да имаш мечти, но и да се препушташ на Божјата промисла.

Да се радуваш, да плачеш, да ги доживуваш своите чувства, да Го славиш Бога за сѐ, за нештата кои ги разбираш, но и за оние кои не можеш да ги протолкуваш, зошто ни се случуваат во животот. Некој знае подобро од тебе, довери Му се.

Не останувај и не се прилепувај во нешто, што ти се случило. Не го црпи својот идентитет од настаните. Ти не си твојата болка или радост. Не си ти твојот успех или неуспех. Ти си нешто подлабоко. Го имаш Бога во себе.

Држи дистанца и не играј улога на жртва, силен, слаб, успешен или неуспешен. Стани туѓ. Туѓ од улоги и маски. Остани единствено автентичен, доколку е можно да бидеш човечки искрен со себе, кон Бога и кон другите.

Гледајте што вели покојниот преподобен старец Емилијан Симонопетритски токму за оваа тема: „Да не те интересира дали те навредиле, дали те наклеветиле или те прогониле, да не чувствуваш дека си во опасност, бидејќи имало невреме. Да не те вознемирува тоа што вчера те болела главата или стомакот, тоа, дека не си успеал или си успеал некаде, да не чувствуваш дека нешто позитивно или негативно ти се случило. Во ништо да не учествуваш, да бидеш туѓ. Пред сѐ, да биде туѓ твојот ум, да не допира ништо од овој живот, ниту да примаш нешто според човечката логика“ („За молитвата“, стр. 174).

Превод: Свештеник Јани Мулев

Изворник: https://sveticarboris.net/2022/05/25/%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d1%87%d1%83%d0%b6%d0%b4-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%be%d0%bb%d0%b8-%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%ba%d0%b8/?fbclid=IwAR0DNDu4HeKfISlkwLNaTeBLAyPr-Y95LQsdChvJyG_zMhj5mHK9_jhlLKs

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: