Свети Козма и Дамјан

(Беседа, ноември 2018) На празниците кога ги славиме светителите на Црквата, најчесто се читаат зборовите од Евангелието: „Вие сте солта на земјата“ (Мат. 5,13). Овие зборови Христос Господ им ги упатува на апостолите, а преку нив на сите христијани до крајот на вековите. Нашата православна вера е солта на земјата. А во која смисла Христос... Continue Reading →

Advertisements

Свети Димитриј Мироточив Солунски

Oвoј славeн и чудoтвoрeн свeтитeл e рoдeн вo градoт Сoлун oд благoрoдни и благoчeстиви рoдитeли. Измoлeн oд Бoга oд бeздeтнитe рoдитeли, Димитриј бил син eдинeц, поради штo, сo гoлeмo вниманиe бил oдглeдуван и вoспитуван. Нeгoвиoт таткo бил сoлунски вoјвoда, па кoга таткoтo умрeл, царoт гo пoставил Димитриј за вoјвoда на мeстoтo на таткoтo. Кoга гo... Continue Reading →

Свети Јован Шангајски и ноќта на вештерките

Преку изучувањето на англискиот јазик или како дел од наставните содржини, најпрво како забава, а потоа како навика, во нашата традиција навлегоа и се одомаќинија многу туѓи и комерцијални „празници“, како „денот на вљубените“, „ноќта на вештерките“, „мартинки“ и многу други. И секоја година се крева врева околу тоа, дали треба христијаните да ги празнуваат... Continue Reading →

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

(27 октомври) Нејзиното житие вели дека е родена во Епиват во Тракија меѓу Силиврија и Цариград, на брегот на Средоземното Море, кон крајот на Х век. Родителите ѝ биле побожни, а така ги воспитувале и своите деца. Имала брат по име Ефтимиј кој подоцна станал епископ Мадитски. И Параскева уште од млади години  покажувала интерес... Continue Reading →

Светите Андроник и Атанасија

Во времето на византискиот цар Теодосиј Велики(1) во Антиохија живееше некој си човек по име Андроник, златар по занает. Андроник се ожени со ќерката на златарот Јован, која се викаше Атанасија, што значи бесмртност(2). И навистина, Атанасија со својот свет живот стекна бесмртна слава, како што покажува и самиот крај на нејзиниот живот. Сопружниците Андроник... Continue Reading →

Пророк Јона

Книгата на пророк Јона е напишана од непознат писател со цел да се бори против жестокосрдечноста и нетолерантноста на Израилците, кои го затвораа Бога во тесните и определени граници, и го сметаа само за нивни Бог. За да го порекне ова лажно сфаќање за Бог, еден непознат автор од V век пред Христа, ќе напише... Continue Reading →

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: