Добро-Ест-Ѕело-Земља

Дева – девојка, се мисли на Пресвета Богородица Марија.

Днес – денес.

Девица – девојка.

Елеосвештение – маслосвет, осветување на масло, обред кој се практикува при тешка болест. Го извршуваат седум свештеници. Општ маслосвет се извршува барем еднаш годишно на Велика среда вечерта, или на Велики четврток утрото.

Епископ – надзорник, највисок чин во црковната ерархија. На Педесететница апостолите станале епископи, и потоа тие со полагање раце (ракополагање) поставувале нови епископи, свештеници и ѓакони.

Естество – природа.

Евангелие – добра вест, блага вест, благовестие. Има 4 Евангелија во Новиот Завет, според Матеј, Марко, Лука и Јован.

Евангелисти – авторите на четирите Евангелија.

Зачало – Евангелието и Апостолот се поделени на глави и зачала. Секој ден, на секоја Литургија е предвидено да се чита по едно зачало од Евангелијата и од Делата апостолски или Посланијата.

Advertisements

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: