Богојавление

Архимандрит Георгиј Капсанис (Беседа на старецот на трпеза во манастирот во 1989 година.) Како и сите Господови празници, така и денешниот празник има карактер Тријадолошки, Христолошки, антрополошки и се однесува на целото создание. Тријадолошки, бидејќи многу јасно се покажа Света Троица, т.е. трите лица, толку јасно како што никаде не се имаа појавено, и Го... Continue Reading →

Слово за Нова година

Свети Јован Златоуст (извадок од беседата) ...Силата на љубовта е таква, што таа обично ги соединува и собира оние кои се на растојание еден од друг. Оној кого го љубиме си го замисуваме секој ден, иако тој живее во туѓина и е оддалечен од нас со опширните мориња; исто како што, оној кој не ни... Continue Reading →

Угодни на Бога

Протоереј Василиос Акривопулос За да се движи некој кон светоста, не е задолжително да замине во манастир, напуштајќи го светот. И во светот е лесно некој да Му угоди на Бога со својот живот и да биде осветен. Пазењето на Божјите заповеди, гостољубието, милосрдноста, светоста, смиреномудрието, незлословењето, оддалечувањето од световниот дух – стануваат причини за... Continue Reading →

Што да се прави ако немаме духовник?

(Од писмата на свети Игнатиј Брјанчанинов до неговите духовни чеда) Прекрасна е вашата желба да бидете во потполно послушание кај опитен раководител. Но тој подвиг не е даден во нашево време. Него го нема не само во христијанскиот свет, туку дури ни во манастирите... На нашево време му е даден друг подвиг, поврзан со многу тешкотии... Continue Reading →

За молитвата – Свети Јован Златоуст, архиепископ цариградски

Сфаќање за молитвата. „За време на молитвата ние разговараме со Бога. Таа е заедничко занимање на човекот и на ангелите. Сите ние имаме потреба од молитва, како дрвата од вода. Молитвите – тоа се нерви на нашата душа. Кој не се моли на Бога и нема усрдност да разговара со Бог, тој е мртов, бездушен,... Continue Reading →

Големата љубов Божја кон човештвото

(Од „Евергетинос“ – „За покајанието: Никој и никогаш не треба да очајува, па дури и ако има направено многу гревови, туку треба да има надеж дека преку покајанието ќе биде спасен.“)   Еден брат, обземен од страста на блудот, грешеше секој ден. Но секој пат, со солзи и молитви ќе паднеше пред Господ и добиваше... Continue Reading →

Blog at WordPress.com.

Up ↑