Религиозно писмени, а ја губиме добрината

Свештеник Александар Овчаренко Многу работи радикално се изменија во нашиот однос кон христијанските вредности, и воопшто, на христијанскиот поглед кон светот и начинот на постоење. Меѓутоа, се забележува дека сето тоа се одигрува на површината на умот, но не и во внатрешноста на срцето. Значи, неспоредливо повеќе знаеме, а неспоредливо помалку дејствуваме. Кога ќе погледнеме... Continue Reading →

Без редовна Причест – нема Православие

(Интервју со романскиот митрополит во Германија г. Серафим Жоанте) Зошто треба да ги примаме Светите Тело и Крв Христови? Како влијаат на нас овие таинства? Може ли да се спасиме без причестување? Што им велите на верниците, кои не сакаат да се причестуваат? Без причестување со Светите Таинства не можеме вистински да живееме во Христа,... Continue Reading →

Исповедта на старец Филотеј Зервакос

(Документот беше пронајден во архивата по неговото упокојување) Не Го љубам Бога со сета моја душа, со срцето и со разумот. Немам послушност кон заповедите Божји и не ги запазувам заветите кои ги дадов при крштението и при монашкиот потстриг пред лицето Божјо, пред ангелите, пред светителите и луѓето. Не се молам и не читам... Continue Reading →

Што е тоа светост?

(За светоста може да зборуваат само светителите, оние кои се блиски на Бога, Боговидците, а во редовите кои следат, бидејќи немам личен опит, само ќе го изложам опитот на светителите на Црквата, оние кои единствено имаат кредибилитет да говорат на овие теми.) Бог е единствено свет, светоста е во Него и од Него, и сѐ... Continue Reading →

Гревот на немолитвеноста

Тоа е посебен случај на нецрковност, грев општораспространет. Говорејќи за оваа најважна страна на духовниот живот, оној кој се исповеда треба да каже на исповед, како се моли, какви се плодовите на неговата молитва, му дава ли молитвата духовна утеха или пак ја прима како некоја непријатна заповед, од која се труди под било кој... Continue Reading →

Од Бога ли се сите „благодети“ кои ги добиваме во животот?

Старец Никон Светогорец - Еден брат влезе во Црквата без некој непријатен настан или болка, влезе кога сè беше „добро“. Но кога влезе, почнаа да се менуваат работите. Од Бога ли се сите „благодети“ кои ги добиваме во животот? Одговор: - Не благодетите, НЕ, не доаѓаат од Бога. Знаете колку „добра“ ни носи и ѓаволот,... Continue Reading →

Blog at WordPress.com.

Up ↑