Молитва на сопружниците кои немаат деца

Услиши нè, милосрден и семоќен Боже, нека по молитвите наши се излее на нас Твојата благодат. Милостив биди, Господи, кон нашите молитви, и спомни си на законот Твој за умножување на родот човечки, и биди ни милостив Покровител, та со помошта Твоја запазено да биде она што од Тебе е утврдено. Со силата на власта Своја, Ти, од ништо сè си создал и почеток си положил на сè што е на светов. Си го создал и човекот по образот Свој и со возвишената Тајна на бракот си ја претскажал Тајната на единството на Христа со Црквата. Погледни, Милосрден, на нас – слугите Твои, кои во сопружничка заедница сме сврзани и за помош Те молиме, плодни да бидеме и синовите на синовите свои да ги видиме, до третото и до четвртото колено и длабока старост да доживееме и во Царството Небесно да се вселиме при нашиот Господ Исус Христос, Кому Му приличи секоја слава, чест и поклонение, со Светиот Дух, во сите векови. Амин!

Напишете коментар

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑