Никогаш да не ја нагласуваме слабоста на другиот

Старец Емилијан Симонопетриски

Подобро да си го изедеш јазикот, отколку така да му зборуваш.

Никогаш никого да не навредуваме, ниту да нажалуваме, никогаш да не правиме да се чувствува лишен, понижен, смален, бидејќи му ја убиваме душата.

Тој човек ќе биде повреден и не ќе може да успее во својот живот…

Никогаш да не му ја истакнуваме неговата слабост, неговиот проблем. Никогаш да не го потсетуваме на неговата злоба, на неговиот грев. Само пофалби да користиме, но благородна пофалба, а не бесполезна.

Бидејќи човекот никогаш не се поправа со исмевање, ниту од замерки. Треба да е многу свет, за да прифати да се поправи преку исмевање, преку покажување со прст или укорување.

Но, да беше толку свет, не ќе ја имаше таа слабост, поради која треба да биде укоруван.

Штом ја има, единствено што треба е крајна почит, за да може некогаш да се смири (понизи) и да се поправи, гледајќи го твојот мир, кротост, смирение, љубов, долготрпение, искреност, снисходење, милозливост…

Само оној кој ги има овие добродетели може да поправи и некој друг.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: