Самиот Христос ја служи Литургијата

Старец Ефрем, дикеј на светорскиот скит на Свети Андреј

(Старецот Ефрем, духовно чедо на старец Ефрем Арознски, се упокои на +30.03.2023)

Од она што го доживуваме на Божествената Литургија можеме да разбереме какво место ќе имаме во вечноста, за тоа, дали чиниме или не за во рајот! Тоа е една лична средба со Христос очи во очи.

Она што го чувствуваме во црква за време на Божествената Литургија, така ќе се чувствуваме и при Второто доаѓање, на кое Христос ќе им суди на сите.

Кога човек се чувствува убаво на Божествената Литургија, тогаш претвкусува семе на благодатта, вистинското Небесно Царство во него.

Затоа треба да ги сконцентрираме нашите мисли и нашиот ум во Божествената Литургија.

Кога се служи Божествената Литургија Самиот Христос ја служи, позајмувајќи ги устата и телото од секој свештеник! Христос е Оној Кој принесува и е принесуван.

Не го жртвува попот Христа, туку Христос себеси се жртвува. Не ја служи Литургијата попот со помош на Христос, туку Христос ја служи Литургијата со помош на попот.

Божествената Литургија се служи во спомен на Рождеството, Распнувањето, Воскресението и Вознесението на Господ.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Blog at WordPress.com.

Up ↑