Кога не дејствува благодатта Божја во човекот

Кога благодатта Божја не дејствува во човекот, тогаш тој покажува една мрзливост за духовните работи и нема расположение ниту да се прекрсти. Ништо од духовните нешта не го утешува и не го задоволува.

Тогаш човекот се задоволува со спиење, храна, телесни задоволства, пари и слава.

Чувството на тага, меланхолија, стрес, осаменост, демонска тага и слични на нив се последица од отсуството на благодатта на Светиот Дух, поради неисповеданите гревови кои постојат во човекот. Тоа се симптоми и последици на страстите, помислите и гревовите.

И лекот за да се ослободиме од овие симптоми е многу лесен: тоа е покајанието, исповедта со солзи, светотаинскиот живот и постот, т.е. духовниот живот.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Православна светлина бр. 68

Напишете коментар

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑