Семејни грижи и осветување

Преподобен Порфириј Капсокаливит

Да знаеш, чедо мое, дека ништо не стана таму случајно. Сѐ си има своја цел. И ништо не се случува без причина. Ниту една борова игличка не паѓа од борот ако не сака Бог. Затоа треба да не се грижиш за она што ти се случува. Така добиваме светост. Да, ти се грижиш за твоите домашни и се мачиш те со жена ти, те со твоите деца. Но, тоа ти помага да се искачуваш духовно високо. Ако не беа тие, ти воопшто немаше да напредуваш. Ти ги дал Бог за тебе. Знам, ќе ми речеш – продолжи старецот – па зарем е добро да страдаме од своите сакани? Да,така сака Бог. А ти си многу чувствителен и од твоите грижи те боли желудникот и стомакот долу. Не е така?

Да, но зарем е лошо тоа, старче, – го праша братот – да биде човек чувствителен?

Да, – му одговори старецот – лошо е човек да биде многу чувствителен како тебе, бидејќи со грижите си создаваш разни телесни болести. Зарем уште не знаеш дека сите душевни болести се демонски?

Не, – му одговори братот.

Епа сега научи го тоа од мене – заврши старецот.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑