Да не биде сам во пеколот

Елефтериос Елефтеријадис, психолог


Не плаши се од човек кој се обидува да те заплашува. Не плаши се од човек кој не се однесува добро. Не плаши се од човек кој вика и се заканува и се дрзнува дури и да крене рака на тебе. Еден таков човек, пред сѐ, и самиот е исплашен…
Тој е како едно детенце кое никогаш не добило љубов во животот. И сега се обидува да ја покрие таа несигурност и да се почувствува барем малку значаен, предизвикувајќи болка кај луѓето околу него.
Тоа е еден крик, самиот тој човек. Еден крик кој вели: „Пазете на мене. Дајте ми малку значење. Да почувствувам дека и јас сум нешто. Да почувствувам дека може да ме засака барем некој“.
Човекот кој се однесува лошо не е за да го исплашиш. Не. Тој е да го сожалуваш.
Треба да го сожалуваш затоа што и самиот страда. Па бидејќи го живее пеколот, се обидува да ги повлече со него и другите, чиниш го мери мачењето.
Се обидува да ги повлече и другите, можеби за да се почувствува во пеколот помалку осамен…

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Blog at WordPress.com.

Up ↑