Кога доаѓа зрелоста?

Елефтериос Елефтеријадис, психолог

Човекот созрева кога веќе им простува на своите родители. Кога ѝ простува на мајка си и на татко си, за сите оние грешки, кои било од незнаење, било од слабост ги направиле во неговото воспитување.

Човекот созрева кога веќе може и му простува на братот. На сопругот/сопругата. Кога може и ги простува падовите на луѓето околу него. Голема работа е човек да изгради во себе милостиво срце.

Човекот созрева кога може и си простува самиот на себе. Ова изискува претходно да си ги има признаено своите грешки. Да ги признае и да стави нов почеток за да не ги повторува.

Човекот созрева кога простува… Простува, се ослободува и оди напред. 

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Blog at WordPress.com.

Up ↑