Свети апостол Онисим, заштитник на затворениците

Апостолот Онисим бил роб во домот на богатиот Филимон, во Колоси (Мала Азија), во времето на апостол Павле. Филимон, заедно со другите луѓе во неговиот дом, бил христијанин и имал татковска љубов кон сите. Онисим бил идолопоклоник и посакал да оди во Рим, и да живее живот по свое. Па така, Онисим го ограбува својот господар, купува билет и заминува кон Рим. Стигнува, не наоѓа работа никаде и се враќа, бесцелно… на улиците. Го обзема голема грижа и се приближува кон Римската христијанска заедница.

Од христијаните добива голема помош. Почнува да се кае за делата што ги сторил и истовремено дознава дека во Рим се наоѓа осуденикот апостол Павле, когошто го запознал во домот на Филимон и го воодушевил од своето присуство и покрај тоа што бил идолопоклоник. Почувствувал голема желба да го посети и почувствувал силна внатрешна промена. Онисим отишол кај апостолот Павле, којшто го примил љубовно и татковски. Тогаш Павле го напишал познатото Послание до Филимон, во кое го моли да му прости на Онисим којшто веќе се покајал, се крстил и станал христијанин.

Онисим станува апостол на светата вера, бил ракоположен за епископ и примил маченичка смрт во Потиоли, Мала Азија. Неговиот свет спомен се празнува на 15/28 февруари. Тој се смета за закрилник на затворениците.

(Во Грчката православна црква уште во 1982 година основано е здружение „Онисим“, кое им пружа духовна и материјална помош, како и духовна поткрепа на сите затвореници)

Тропар, глас 3: Апостоле свети Онисиме, моли Го милостивиот Бог, да им даде прошка на гревовите на нашите души.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Молитви за затвореник

Напишете коментар

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑