Испитувај пред да се исповедаш

Отец Хараламбос (Ливиос) Пападопулос

Светиот Јован Златоуст вели: Кога сакаш да се причестиш, најди некоја црква каде што се извршува Божествена Литургија и пристапи да се причестиш.

Но кога сакаш да зборуваш за твоето срце, внимавај, каде и кај кого ќе отидеш. Да се испотиш пред да го избереш лицето кое ќе ги види и ќе ги чуе твоите највнатрешни девствени повици.

Јас не сум светител, но ќе речам нешто како дополнување: Ако од мало дете носиш рана од вината, ако го чуваш мачеништвото на чувствителноста, ако твоите очи плачат во убавината и љубовта, ако бараш една прегратка за да ги сопреш кошмарите на твоето постоење, внимавај кај кој поп ќе се исповедаш и ќе побараш совети.

Помоли се, побарај, не славниот, некој со име, „светогорецот“, прозорливиот, чудотворецот. Ништо од тоа. Еден поп кој Го живее Христа во своето срце и во својот живот. Што значи, љубовен и смирен, како што се вели во Старечникот, да има срце!!! Срце човечко!!!

Слушни го светиот Јован Лествичник: „Не барајте видовити, туку смирени луѓе со срце“. Внимавај да не те наполнат со вини и само затоа што живееш и дишиш. Да не ги стават врз тебе своите сенки.

Направив многу грешки во мојот избор и скапо ги платив. Еднаш, едно попче, од оние кои од искуство Го знаат Бога, и затоа имаат љубов, смирение и неверојатна слобода, ми рече речиси со солзи во очите: „Твоето платно беше од свила. Ти го развлекле невешто и насилно и го искинале. Сега ќе се обидеме да го сошиеме. Ама раната ќе се познава…“

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Изворник: http://plibyos.blogspot.mk/2014/10/blog-post_9.html

Напишете коментар

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑